Во чест на недамнешниот светски ден на книгата (23 април) ви нудиме 4 причини зошто треба да читате повеќе печатени книги. Оставете ги настрана таблетите и компјутерите и земете вистинска книга во рацете. Верувајте, бесценето е!rnrn
rn
1. Читањето печатени книги помага во способноста за сфаќање
rnЕдно истражување спроведено во 2014 година покажало дека корисниците на Киндл сфаќаат помалку од она што ќе го прочитаат. Читањето книги е добро затоа што ги развива вештините за разбирање и обработување. Во кратки црти – читањето е добро за вашиот мозок.rn
2. Така повторно ќе ги оживееме печатените книги
rnПред неколку години беше голем хит да се читаат е-книги и нивната продажба тогаш беше навистина голема. Но, тоа веќе не е така, читателите повторно се враќаат кон физичката форма на книгите. Па, нивната популаризација е единствениот начин овие книги да се вратат на полиците на домашните библиотеки.rnrn
rn
3. Оние кои читаат книги се поемпатични
rnЧитањето, генерално, е добро за вашето срце. Една студија од 2013 година спроведена на Универзитетот Емори носи добра вест за читателите на белетристика. Читателите на белетристичка литература можат многу повеќе да се стават во кожата на другите, а со тоа се и подобри во комуникацијата со другите, како и во развојот на пријателства.rn
4. Има многу книги кои можете да ги читате „во лет“
rnВо случај да ви треба совет што да читате, постојат многу автори кои имаат направено кратки верзии од своите дела кои можете да ги читате додека одите на работа, за време на паузата или пред спиење. Па, ако сакате да бидете попаметни, поемпатични и да се приклучите во борбата да се вратат книгите во нивната материјална форма, тогаш имате многу избор за читање „брзи“ книги секој ден.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.