Јазикот е орган што постојано го користите, но не му обрнувате многу внимание. Јазикот се користи за најосновните функции во животот на човекот, како јадење и зборување, но тој има многу повеќе функции отколку што мислите, односно постојат некои трикови што можеби не ги знаевте и што ќе ви го привлечат вниманието.rn
1. Јазикот никогаш не се заморува, за разлика од другите мускули
rn
rnrnДали забележавте дека и покрај фактот што вашиот јазик е мускул, тој никогаш не се заморува? Се разбира, тоа е така ако не страдате од каков било вид заболување. За разлика од мускулите на нозете или на рацете, што може да ве болат ако сте имале тешка физичка активност, вашиот јазик може да се справи со постојаното движење затоа што тој всушност е составен од 8 мускули, а токму затоа е и толку флексибилен. Можеби тоа е причината зошто никогаш не сте уморни од јадење.rn
2. Секој јазик е различен
rn
rnrnСекој јазик е различен и уникатен. Исто како прстите, вашиот јазик има свој уникатен отпечаток, така што може да се користи како метод за идентификација. Но, тоа не е многу пријатно. Можете ли да замислите да го скенирате јазикот на аеродром, наместо да го користите палецот?rn
3. Можете ли да го свиткате јазикот?
rn
rnrnНаучниците сè уште се обидуваат да најдат логично објаснување за фактот што голем процент луѓе можат да го свиткаат својот јазик во форма на буквата „u“, додека помал процент не можат. Главниот аргумент е дека сето тоа се сведува на генетиката, но спроведени се истражувања во кои е откриено дека родителите не можеле да го сторат тоа, а нивните деца можеле. Други истражувања велат дека јазикот што го зборувате може да игра голема улога.rn
4. Јазикот не се заморува, но може да се здебели
rn
rnrnТоа што постојано го користите јазикот може да ве натера да мислите дека тој постојано вежба и е во форма, но, како и секој друг мускул, вашиот јазик може да се здебели ако вие се здебелите. Всушност, грчењето и проблемите со спиењето може да бидат поврзани со здебелениот јазик.rn
5. Невозможно е да ја почувствувате аромата само со вашиот јазик
rn
rnrnЈазикот идентификува вкусови, но не и ароми. Обидете се да јадете бонбони, но покријте го носот. Вашиот јазик ќе открие дека тоа што го јадете е слатко, но нема да можете да откриете дали има вкус на чоколадо или на јагода бидејќи разликувањето ароми е дел од сетилото за мирис, а не за вкус. Ако немате бонбони во близина за да пробате, размислете за грдото чувство што го имате кога носот ви е затнат. Кога ви е блокирано чувството за мирис, ви се чини како храната што ја јадете воопшто да нема вкус.rn
6. Јазикот е делот од телото што заздравува најбрзо
rn
rnrnСигурно сте го гризнале јазикот многу пати, но по неколку минути обично заборавате дека тоа се случило. Благодарение на плунката и на ткивата што го сочинуваат јазикот, овој дел од човечкото тело заздравува најбрзо.rn
7. Бојата на вашиот јазик може да ви открие нешто за вашата здравствена состојба
rn
rnrnАко вашиот јазик има светлорозова боја, тоа значи дека сте веројатно здрави. Во спротивно, тоа може да значи дека треба да одите на лекар. Боите може да варираат меѓу различни нијанси и секоја означува некоја различна болест. Ако јазикот е многу црвен, може да имате што било, од мала инфекција до проблеми со срцето. Жолтата боја укажува на проблеми со желудникот или со црниот дроб, а белата боја може да укаже на дехидрираност.rnrnПрочитајте зошто вашето бебе го плази својот јазик.