Секој од нас знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој има улога на гориво кое ни помага да го издржиме темпото во напорниот ден и затоа е многу важно овој оброк да биде здрав и богат. Но, многумина и понатаму го прескокнуваат. Прочитајте ги следниве 7 причини поради кои би требало да започнете да појадувате уште денес. Еве кои придобивки ги имаат луѓето коишто редовно појадуваат.rnrn
rn
1. Повитки се
rnЕдна студија од 2003 година проценила дека оние кои го прескокнуваат појадокот се за четири и пол пати посклони на дебелеење, отколку оние кои редовно појадуваат. Во истата студија, во која е следена исхраната на 499 луѓе, е откриено дека оние кои се прејадуваат за вечера и за појадок, се посклони на дебелеење.rn
2. Поздрави се
rnЕдна американска студија од 2003 година открила дека оние кои редовно појадуваат најчесто имаат нормално ниво на шеќер во крвта и чувствуваат помалку глад подоцна, во текот на денот. Произлегло дека оние кои редовно појадуваат имаат помал ризик од заболување од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rn
3. Имаат повеќе енергија
rnДоколку изедете појадок богат со умерена количина влакна и јаглени хидрати, ќе се чувствувате помалку уморно во текот на денот. Обратно, масниот појадок доведува до поголем замор.rn
4. Имаат подобар холестерол
rnОние кои го прескокнуваат појадокот имаат поголемо ниво на холестерол и послаба чувствителност на инсулин од оние кои појадуваат, открила една американска студија. Истото истражување покажало дека оние кои појадуваат внесуваат 100 калории помалку на дневно ниво, од оние кои го прескокнуваат.rn
5. Имаат подобро помнење
rnДобриот појадок може да ја подобри краткорочната меморија, тврди една студија извршена на 319 тинејџери на возраст 13-20 години. Истражувачите откриле дека висококалоричниот појадок ја ослабува концентрацијата.rn
6. Внесуваат повеќе хранливи материи
rnЛуѓето кои ретко појадуваат внесуваат повеќе масти, а помалку хранливи материи како што се калциумот, калиумот и влакната, во споредба со оние кои редовно појадуваат.rn
7. Имаат изговор да изедат нешто здраво за појадок
rnОние кои појадуваат обично јадат здрава храна – овесна каша, јајца, грејпфрут и пијат кафе. Овесната каша е добра за нормализирање на нивото на холестерол и ја подобрува меморијата и вниманието кај децата кои редовно појадуваат. Грејпфрутот содржи многу витамини Ц и А и го подобрува дејството на лековите кои се борат против ракот. Доколку за појадок изедеме јајца, ќе бидеме сити и ќе јадеме помалку во подоцнежниот дел од денот. Кафето го смалува ризикот од депресија, некои врсти на рак и дијабетес тип 2.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.