Бести Лојд е само 7 години, а веќе има свој бизнис. Таа собира стари шишиња, а потоа ги продава во нејзината продавница во градината на нејзините родители. Ова девојче заедно со својот татко ги собираат своите откритија на стари депонии користејќи само лопати. Потоа ги носат дома, ги чистат, ги ставаат во продавницата и ги продаваат.rnrn
rnrnБести продава 12 шишиња за 10 фунти, а за 12 месеци собрала 600 фунти и си купила лаптоп. Таа вели дека многу ги сака старите шишиња, бидејќи имаат различни бои и големини. Како и да е, нејзиниот омилен дел е копањето и валкањето и мисли дека тоа е навистина забавно. Девојчето споделува дека има многу различни шишиња и дека луѓето секојдневно купуваат. Таа го имала ова хоби уште од мала, па така собрале многу шишиња со кои не знаеле што да прават и така решиле да почнат да ги продаваат. Таткото вели дека тој има своја работа, па може да помага само понекогаш, но малата Бести го врши поголемиот дел од работата. Бести се воодушевува секогаш кога ќе пронајде ново шише, бидејќи тоа претставува фасцинантен поглед во различна ера.rnrn
rnrnВо нејзината продавница има шишиња произведени помеѓу 1870 и 1930 година. Локалните фармери и дозволиле на Бести да копа и таму, бидејќи тоа ја прави среќна. Многу колекционери, но и други луѓе купуваат, а и ние исто така сметаме дека е убаво да му се даде нов живот на нешто старо и заборавено.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте ја приказната за овој велосипедист кој пронашол бездомна мачка која решил да ја носи на патување низ светот.
7-годишно девојче започнало свој бизнис со стари шишиња што ги собира секојдневно
