Автор: Софија СионоваrnrnПочнувајќи од чизмите до глужд, патиките во неонски бои на кои се потпирате и им верувате дека ќе ви помогнат да ги завршите утринските обврски побрзо без никакви проблеми, па сѐ до машките оксофордки кои си ветивте дека мора да ги имате, овие чевли се меѓу најголемите хитови сезонава, но сепак претставуваат и предизвик кога станува збор за начинот на кој се носат.rnrnЧесто се прашувате: „Дали може мене ова да ми успее“ (да) „Дали оксфордките се само за мажите?“ (секако дека не) и „Дали патиките треба да си останат само во салата за вежбање?“ (не). Ова е решението на вашите дилеми.rnrn
rn
1. Спортски патики
rn
Мешање и спојување
rnПатиките кои се во неонски бои ја нагласуваат забавата кога ќе се спојат со храбар животински принт. Сепак, внимавајте да не претерате со лудите идеи. Пример, иако леопардовиот дезен често привлекува погледи, црно-белата палета и широчината на фустанот ги неутрализираат и патиките, но и принтот.rnrn
rnrn
Изгледајте посредено
rnСпортските обувки најчесто се кежуал, но ако сакате да изгледате малку посредено тогаш тие одлично ќе стојат со фустан со разни декорации на него, кожни хеланки и струкирано сако или палто. Друга тренди и удобна комбинација е здолниште со јазол и широк плетен џемпер.rn
Уживајте во комфорот
rnДа бидеме искрени, вашите нозе ќе ви бидат благодарни. Тие веќе искажаа благодарност кон модните богови за вметнувањето на патиките во модата.rn
2. Оксофордки
rn
Прифатете ја дихотомијата
rnЗа андроген изглед облечете пантолони или фармерки заедно со оксфордките. Во случај женственоста да е ваша силна страна, создадете контраст така што ќе додадете кратко здолниште или цветен принт. А ако ги фаворизирате и двата стила, глок скејтерско здолниште, кошула со петар пан јака и тексас елек би изгледале извонредно.rnrn
rnrn
Покажете малку кожа (поточно зглобовите на ногата)
rnАко преферирате подолги пантолони, но не сакате да изгледате ниско, препорачливи се три-четврт пантолоните. Друга опција е да ги подвиткате. Покажувајќи малку кожа над оксфордките суптилно ја нагласувате вашата женствена форма на телото.rn
Експериментирајте со боите, текстурата и материјалите
rnТрадиционалната комбинација на овие чевли е џемпери со баклави, плисирани здолништа и остри очила. Но како и повеќето Дизниеви ѕвезди тие еволуираа поништувајќи ги зададените маргини: светкави кожи, металик бои и сл. Ова се само неколку од варијантите на класичните оксфордки.rn
3. Чизми до глужд
rn
Создадете оптичка илузија
rnНе се противете на фактот дека чизмичките до глужд кратат од висината. Одберете пар кој е блиску до вашиот тен (особено при носење чизми со голи нозе) за да ја издолжат ногата. Уште едно решение на овој проблем е облекување на тесни пантолони (пример: хеланки) со должина точно до чизмите.rnrn
rnrn
Нагласете го зглобот
rnАко немате проблеми со височината тогаш поиграјте си со зглобовите така што ќе ја истакнете нивната убавина. Тој е најтенкиот дел од ногата, а неговото нагласување е често е како скриена карта во ракавот. Како и кај оксфордките, дозволете им на вашите зглобови да се наѕираат од свитканите пантолони, притоа внимавајте да не бидат широки бидејќи скратуваат од линијата на ногата, затоа целете кон потесен крој.rn
Покажете се!
rnУште една причина за избегнување на широките пантолони при носење на вакви чизми е затоа што чевлите треба да се во центарот на вниманието без материјалот да смета. Носењето фустани или здолништа е лесен начин за изразување на стилот и плус ќе ви донесат бројни комплименти.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








