Речиси на секој човек му се има случено барем едно нешто што не може да го објасни. Можеби станува збор за случајност која не изгледа како случајност, или пак момент кој нема реално, па дури и рационално објаснување. Она што им е заедничко на овие необјасниви нешта се силните емоции кои ги предизвикуваат.rnrn
rnrnПовеќето натприродни феномени можат да се опишат со нешто што е наречено антропоморфизам. На овој начин луѓето им ги припишуваат случајните, хаотични настани на нешто невидливо и натприродно. Ова помага да се добие смисла за нештата и да се преземе поголема контрола во непредвидлив свет. Следниве 7 паранормални искуства им се имаат случено на многумина. Ако и вие спаѓате во оваа група, прочитајте нешто повеќе за нивното вистинско значење.rn
1. Зборување со видовита личност која детално предвидела животен настан
rn
Што навистина значи?
rnГледањето и гатањето се доволно нејасни, па можат да важат за секого. Пророштвата навистина се исполнуваат, особено ако ни се допаѓаат. Често луѓето ги одбираат деловите од предвидувањето што им се допаѓаат и прават подлабок, потсвесен обид да ги манифестираат.rn
Што би можело да значи?
rnСè е енергија. Времето е илузија на свеста. Сосема возможно е некои многу интуитивни луѓе да можат да „гледаат“ настани кои ѝ се случуваат сега на некоја личност, или во некоја друга димензија. Некои луѓе веруваат во судбина или „душевен договор“, а интуитивните личности би можеле да ги чувствуваат овие работи.rn
2. Гледање на тарот карти што открило нешто пред вие да го знаете
rn
Што навистина значи?
rnГледањето на тарот карти може да биде навистина моќен процес. Она што го гледате на картите кажува сè за вашата ситуација, многу повеќе од она што го претставуваат тие.rn
Што би можело да значи?
rnНекои луѓе веруваат во божественото или во комуникација со небесни суштества кои со нас споделуваат мудрости. Картите можеби се некој медиум за споделување информации.rn
3. Постојано гледање на предмет поврзан со почината личност
rn
Што навистина значи?
rnМозокот постојано добива и филтрира информации преку надворешните стимули. Ова значи дека ако поврзете некоја почината личност со одреден предмет, како на пример цвет, потсвесно постојано ќе барате цветови. Затоа и ќе почнете да ги забележувате и ќе мислите дека почесто се појавуваат во вашиот живот.rn
Што би можело да значи?
rnНекаква енергија го привлекува вашето внимание кон нешто, како на пример цветот. Ова е безопасен начин на комуникација со починатиот кој веројатно сака да ви каже дека сè уште е со вас.rn
4. Будење сред ноќ, неможност за мрдање и гледање разни фигури
rn
Што навистина значи?
rnПарализата во текот на сонот е медицински феномен кој многу се истражува. Во овој случај, телото е заспано додека умот се буди. Често се појавуваат и халуцинации во форма на демони или темни фигури кои ве притискаат и ве држат во место. Најверојатно ова е проекцијата на чувството дека сте парализирани.rn
Што би можело да значи?
rnНа овој начин луѓето изјавиле дека имале искуства надвор од нивните тела. Во овие ситуации тие се среќаваат и комуницираат со битија кои имаат важни пораки за нив, или пак посетуваат други димензии.rn
5. Ви се јавува личноста на којашто сте мислеле
rn
Што навистина значи?
rnНајверојатно по грешка ги поврзувате мислите за личноста со тоа што ве контактирала. Сигурно безброј пати сте помислиле на таа личност без да се случи нешто. Голема е веројатноста да станува збор за случајност.rn
Што би можело да значи?
rnАко се земе предвид дека на некој начин сè е поврзано, не е невозможно да имаме потенцијал да комуницираме телепатски.rn
6. Посета од „дух“, особено ако се случува повеќепати
rn
Што навистина значи?
rnНајверојатно постои нешто друго што ве плаши, па тој страв го засилува сетилото за звук, мирис и слично. Почнувате да забележувате нешта кои за вас вообичаено се невидливи. Важно е да размислите што се случува во вашиот живот во такви ситуации и дали навистина има невидлива сила во вашиот дом.rn
Што би можело да значи?
rnМожеби гледате делчиња енергија, без разлика дали станува збор за дух или енергија што нема каде да оди.rn
7. Добивање знаци дека треба да бидете со некоја личност
rn
Што навистина значи?
rnКога не сте сигурни дали врската ќе функционира, почнувате да барате натприродни „знаци“ кои ќе ви помогнат да добиете чувство на контрола. Барате некоја сигурност која всушност не постои.rn
Што би можело да значи?
rnКога две личности се совршени еден за друг, почнуваат да се синхронизираат за многу нешта. Можеби имате ист вкус за музика, исти интереси, живеете на исто место… Лесно е да мислите дека некоја надворешна сила ви кажува дека треба да бидете заедно.rnrnМислите дека сте видовити? Овие 6 знаци покажуваат дека тоа е вистина.
