КАФЕ ПАУЗА

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Каприциозни третмани за убавина на славните личности

Од Серена Вилијамс која обожава да се бања во „Евијан“ вода, до педикирот со риби на Џесика Симпсон, ова се најчудните третмани за убавина на кои славните личности подлегнуваат од каприц.rn

Серена Вилијамс

rnКога топлата вода од чешма едноставно не е доволна, Серена Вилијамс без проблем одвојува 5.000 долари за едно „Евијан“ искуство во хотелот „Виктор“ во Мајами. Луксузниот апартман кој чини 6.000 долари за една вечер е опремен со 1.000 литри изворска вода „Евијан“ и шарени гербери. Познатата тенисерка тврди дека може да ја почувствува разликата во водата уште при самото влегување во кадата.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

Гвинет Палтроу

rnНе е тајна дека Гвинет Полтроу употребува козметика за лицето на база на змиски отров. За само едно ултралуксузно шишенце на Силвија Дакар кое содржи синтетички змиски отров чиј ефект е сличен на ефектот на ботоксот, актерката е подготвена да издвои 185 долари.rn

Кејт Мидлтон

rnЗмискиот отров не е единствениот отров кој делува благотворно на лицето. Отровот од пчела е уште поделотворен од змискиот, но за сметка на тоа тој треба да се разреди за неговото нанесување да биде што е можно побезболно. За жал, се користи само 1% од шишенцето кое чини неверојатни 55.200 долари. Се разбира, оваа цена може да си ја дозволи војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

Викторија Бекам

rnСледниот пат кога некоја птица ќе ве „почести“ со нејзиниот измет, не лутете се веднаш. Наместо да го исчистите птичјиот измет, земете лажичка и намачкајте го на лицето. Така барем прави Викторија Бекам. Таа користи крем за лице на база на измет од славеј. Но, оваа практика не е нова. Уште во древните времиња, гејшите во Јапонија на сличен начин го чистеле лицето и верувале дека птичјиот измет е одличен ексфолијант за лице.rn

Деми Мур

rnПред модерната медицина да стане популарна, вообичаено било да се користат пијавици за цицање на „лошата крв“ за која се сметало дека е причина за многу болести. Денес оваа практика ја користи Деми Мур како метод за разубавување. Пијавиците кои се користат во нејзините третмани за убавина се медицински тренирани за да го прочистат телото од отрови и да ја подобрат кожата.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

Анџелина Џоли и Кетрин Зета Џонс

rnДодека некои може да си дозволат да јадат кавијар, Анџелина Џоли може да си дозволи да го мачка кавијарот на лице. Таа користи луксузен крем за лице на база на кавијар. За 100 милилитри од овој крем Џоли издвојува 710 долари. Кремот е богат со состојки кои ја навлажнуваат и ја затегнуваат кожата. За разлика од Џоли, актерката Кетрин Зета Џонс го користи кавијарот во своите луксузни третмани за коса.rn

Џесика Симпсон

rnВо една од епизодите на нејзиното шоу „Цената на убавината“, Џесика Симпсон пред јавноста го испроба контроверзниот педикир со помош на риби. Постапката вклучуваше потопување на стапалата во вода во која малечки пирани ја грицкаат мртвата кожа.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

Вивика Фокс и Адријан Броди

rnЕкстензијата на трепки е исто така многу популарна кај славните личности. Вивика Фокс и Адријан Броди се подготвени да платат 350 долари за третман за продолжување на трепките чиј резултат трае три недели.rn

Сајмон Ковел

rnДодека сите ние шетаме и дишеме кислород, Сајмон Ковел има малку поинаков пристап спрема кислородот. Судијата на шоуто „Икс фактор“ вели дека вдишува кислород од лименки и на тој начин го прочистува телото и го разбиструва умот.rn

Мила Кунис

rnДоказ дека девојките ги сакаат дијамантите е и Мила Кунис. Таа го негува своето лице со крем кој содржи дијаманти и рубини.rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrn

Тери Хачер и Ева Лонгорија

rnПовеќето од нас уживаат во вкусот на добро црвено вино. Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Тери Хачер, ужива да се бања во црвено вино. Нејзината колешка, Ева Лонгорија, знае колку се важни третманите за нега на кожата и заради тоа користи крем за лице на база на плацента.rn

Канје Вест, Ким Кардашијан и Опра Винфри

rnЛасерското отстранување на влакна веќе може да се смета како љубовен состанок за Канје Вест и неговата девојка Ким Кардашијан. И додека вљубениот пар ужива во овој третман, Опра Винфри ги надградува своите трепки со влакна од визон (животно кое се лови заради неговото скапоцено крзно).rnrnКаприциозни третмани за убавина на славните личностиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.