Да бидеме искрени: Социјалните мрежи го контролираат нашиот живот, без разлика дали сме свесни за тоа или не. Кога ќе помислиме на поимот „социјални мрежи“, први на памет ни паѓаат Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Нема сомнеж дека Фејсбук е најкористената и најраспространетата социјална мрежа во денешно време. Луѓето споделуваат премногу работи на Фејсбук. Тие споделуваат сѐ, почнувајќи од тоа што јаделе за ручек, па сѐ до причината зошто се изнервирале дента. Некои поединци откриваат работи што не би требало да бидат откриени. Слободно можеме да кажеме дека сме отишле малку предалеку кога станува збор за Фејсбук.rnrn
rnrnАко го тргнеме сето тоа на страна, иако социјалните мрежи навистина ни помагаат да останеме поврзани, мора да признаеме дека тие истовремено ги контролираат нашите умови. Контролата на умот е коренот на сите последици од злобниот социјален гигант наречен Фејсбук. За да можете да си помогнете, најпрво треба да станете свесни кои се тактиките што Фејсбук ги користи за да ги контролира нашите умови…rn
1. Стимулација со помош на известувања
rnЗвукот што го слушаме од нашите телефони и компјутери кога ќе добиеме лајк, коментар, споделување или порака, ни го стимулира мозокот. Зар не се чувствувате одлично кога ќе видите дека некоја ваша објава добива многу лајкови? Од истата причина, казината користат светла што трепкаат за да ги стимулираат коцкарите. Звуците што ги слушаме кога ќе добиеме известување на Фејсбук, нашиот ум ги перципира како добивање внимание, а сите сме желни за внимание. Токму поради ова, многу луѓе се залепени за нивните телефони 24/7.rn
2. Можност да се „издувате“/Чувство на лажна моќ
rnСите ние сега имаме место каде што можеме да се „издуваме“. На овој начин, ние мислиме дека сите работи што имаме да ги кажеме се повлијателни одошто навистина се. Можеме да се вклучиме на Фејсбук и да кажеме буквално сѐ што сакаме да кажеме, бидејќи луѓе ќе реагираат на тоа. Објавуваме работи што или мислиме дека на луѓето ќе им се допаднат или мислиме дека ќе ги изнервираат, сѐ со цел да добиеме реакција.rn
3. Предизвикува зависност
rnНекои луѓе толку многу ги сакаат лајковите што го трошат целото нивно време за да добијат што е можно повеќе од нив. Ова на некој начин ги програмира луѓето да „глумат“ за да ги импресионираат останатите. Станува збор за круг од кој нема излез. Фејсбук сака да станете зависни од привлекувањето внимание.rnrn
rn
4. Препознавање на лицата
rnДали Фејсбук некогаш ви предложил да означите некого на фотографија што сте ја додале затоа што ја препознал таа личност од вашата листа на пријатели? Иако многумина не размислуваат за ова, станува збор за нешто многу алармантно. Се чини дека Фејсбук ги документира нашите лица. Дали сте знаеле дека Фејсбук направиле програма што им дозволува да ја вклучат предната камера од вашиот смартфон без ваше знаење и да ви го анализираат лицето додека вие разгледувате што има на социјалната мрежа? Ова е навистина страшно сознание, се согласувате?rn
5. Анализа на реакциите на јавноста
rnФејсбук го надгледува сето она што нѐ интересира. Знае како реагираме на различни настани, без разлика дали се политички, културни и слично. Тие исто така можат да дознаат дали веруваме во пропагандата на владата. Фејсбук знае сѐ.rn
6. Фејсбук постојано ве следи
rnФејсбук го следи сето она што ви се случува. Ние ги објавуваме нашите мислења, храната што ни се допаѓа, познатите личности што ги мразиме и слично. Фејсбук слободно може да направи ваш профил врз основа на работите што ве интересираат, но и да препознае какви луѓе сте.rnrnДали некогаш сте размислиле за сите овие работи? Сигурни сме дека по сите овие информации, ќе се запрашате дали треба да поминувате толку време на Фејсбук.rnrnДоколку не сте убедени во негативното влијание на оваа социјална мрежа, можеби следниве истражувања ќе ви ги отворат очите.