Обемното истражување за среќата и користењето Фејсбук покажало дека со текот на времето, користењето на оваа социјална мрежа има негативно влијание на среќата на корисникот. Додека претходните истражувања пронашле поврзаност помеѓу овие две работи, тие сепак имале ограничени примероци, или пак се фокусирале на повеќе социјални мрежи.rnrn
rnrnИзвештајот од Фејсбук од 2017 година покажал дека просечен човек поминува околу 50 минути дневно на оваа мрежа. Други истражувања од оваа област, се фокусирале на техниките кои ги користи Фејсбук за да ја зголеми посетеноста на мрежата.rnrnБиле испитани 5.208 луѓе во 3 разни групи (во 2013, 2014 и 2015 година) од САД. Секој корисник бил набљудуван по 2 години. Истражувањето било спроведено од Холи Шакја од Универзитетот во Калифорнија и Николас Кристакис од Универзитетот Јејл. Истражувањето потврдило дека оваа социјална мрежа има негативно влијание на здравјето на корисниците и дека честото користење ја влошува психичката состојбата.rnrnВо просек, акциите како стискање „ми се допаѓа“, пишување статус или отворање линкови биле одговорни за намалување на менталното здравје за 5-8%. Истражувачите за да го забележат ова „здравје“ користеле прашалници за физичкото и менталното здравје кои испитаниците ги пополнувале.rn
„Забележавме дека и допаѓањето на туѓи објави, како и отворањето линкови покажале влошување на физичкото и менталното здравје, како и чувството на задоволство“, изјавиле Холи и Кристакис.
rnОвие резултати се разликуваат од претходните истражувања бидејќи откриле дека времето поминато на Фејсбук влијае на здравјето, додека другите истражувања се фокусирале на квалитетот. Опасноста од користењето на социјалните мрежи е тоа што корисниците веруваат дека имаат интеракција со други луѓе. Но всушност онлајн комуницирањето не ги овозможува истите работи како и комуникацијата во живо.rnrnДали знаевте дека луѓето кои ги објавуваат нивните физички активности на Фејсбук имаат психички проблеми?
