На девојките кои ја сакаат модата навистина не им е лесно. Тие веруваат дека нивниот живот би им бил полесен доколку би имале само еден пар обувки кои би ги комбинирале со 95% од дневните модни комбинации. Или пак, доколку се личности што не се оптоваруваат за бојата на карминот и дали таа нијанса се сложува со модната комбинација. Можеби дури и девојка која признава само две фризури: Пуштена коса и коњско опавче. Но, како и да е, девојките кои ја сакаат модата и шопингот, имаат забележано неколку ситуации кои постојано се повторуваат, а сите како нив ќе се препознаат во истите. Па, да започнеме по ред.rnrn
rn
1. Почетокот на распродажбата би требало да се прогласи за национален празник
rnНема ништо полошо од тоа кога ќе започнат распродажбите, а вие морате да го поминете целиот ден на факултет или на работа. И потоа започнувате да се загрижувате дали воопшто ќе остане нешто во бутиците додека стигнете до нив.rn
2. Вашиот телефон е „окупиран“ со шопинг листи
rnКаде и да погледнете, секогаш пронаоѓате некој список со работи кои мора да ги купите. Дури сте започнале и самите на себе да си испраќате пораки за случајно да не заборавите на сјајната блуза која сте ја виделе во вашиот омилен бутик.rnrn
rn
3. Редот пред соблекувалните е толку долг, што редовно купувате облека без да ја пробате.
rnТрпението не е ваша јака страна? Уште полошо е кога доаѓа зима, па мора да поминете по 40 минути во соблекувалната за само да се „ослободите“ од горниот слој облека! Кој уште има време за тоа? Навистина е крајно време да се смисли некој побрз и поедноставен начин за испробување на облеката! Виртуелни огледала, на пример?rn
4. Викендот по примањето на платата е најопасниот викенд за вашиот паричник
rnТолку многу пати си го повторувате зборот самоконтрола што тој целосно ја изгубил својата смисла. Ако вашата плата го преживее тој прв викенд, сè ќе биде полесно. Но, ова „ако“ е од клучна важност!rnrn
rn
5. Ако нема нешто во вашата величина, тогаш ги обиколувате сите бутици од истиот бренд
rnБаш кога конечно сте ја донеле одлуката да го купите оној мал црн фустан, моделот во вашата величина е продаден? Тоа е веќе лична навреда. Тогаш започнува трката по градот. Сега тој фустан мора да го имате, па макар и да го облечете понекогаш, кога евентуално ќе одите на вечера во најпопуларниот ресторан во градот. Но сериозно, ќе го носите тој фустан.rn
6. Секогаш кога немате пари во себе, во секој бутик би купиле барем едно парче облека
rnЗар ова не се случува баш секој пат? Некако секогаш се случува новите колекции да стигнат во бутиците баш кога сте ја потрошиле платата или пак сте го заборавиле паричникот дома.rnrn