КАФЕ ПАУЗА

6 модни професии кои никогаш не би ви паднале на ум

Модата е интересно поле во кое многу девојки барем еднаш во животот посакале да работат. Но, ако дизајнот и стајлингот не ви се силна страна, сепак има нешто што би можеле да го правите, а сепак да бидете поврзани со модата.rnrnИако овие професии се непознати, тоа не значи дека се помалку значајни. Факт е дека без нив ништо не би функционирало нормално. Затоа откривме 6 модни професии за кои никогаш не би ви паднало на ум дека постојат.rnrn0-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrn

1. Дизајнер на принтови

rnАко некогаш ви се случило да добиете комплимент за чанта или маичка со интересен принт, сетете се дека некој со неверојатен талент за детали и уметничка рака морал сето тоа да го нацрта за да се појави на вашата чанта/маичка. Во оваа работа спаѓа илустрацијата, графичкиот дизајн и секако, добриот вкус.rn

2. Звучен дизајнер за ревии

rnОние кои ја сфаќаат силната врска помеѓу музиката и модата знаат дека музиката е од витална важност за една ревија. Ако сте звучен дизајнер мора да направите специјална плејлиста за секоја ревија која најдобро ќе ја долови колекцијата. Како и модата, така и музиката мора да биде пред своето време. Оваа работа подразбира многу истражување по нови артисти, песни и звуци. Но, сепак не е потребно резиме на диџеј.rn

3. Предвидувач на трендови

rnКонкуренцијата во модата се состои во тоа да се види кој ќе остане на врвот. А за да останете на врвот мора да ги престигнете трендовите. А, за да ги престигнете, мора да ги предвидите и да очекувате што ќе биде модерно, а што не. И секако, мора да знаете со каква брзина се менуваат. Уште една важна карактеристика е да сфаќате како размислуваат и што сакаат да купуваат луѓето. Во оваа работа спаѓа многу анализирање и секако, основни способности за читање луѓе.rnrn1-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrn

4. Помошник на манекенки

rnБекстејџот на модните ревии секогаш е бучно и лудо место. Но, секогаш има еден брилијантен мултитаскер кој успева да ги одржи работите во граници на нормалата. Тој им помага на моделите да се облечат, да проверат дали ги носат вистинските обувки, вистинскиот накит, дали имаат соодветна шминка и соодветна долна облека. Исто така нивна работа е да ги спречуваат „модните катастрофи“ и да бидат сигурни дека сѐ ќе тече како што треба. Оваа работа вклучува највисоко ниво на организациски способности и ладна глава.rn

5. Преведувач

rnОдвојте еден момент и сетете се на сите модни брендови и нивните локации. Сега размислете каде сѐ се продаваат. Најголемата бариера во модниот бизнис? Јазикот. Кога се работи за модни гиганти како Гучи и Долче и Габана секако дека преведувачот на Гугл не е доволен. Секој јазик има културни разлики кои ѝ дозволуваат на модата да навлезе во сите делови од Земјината топка. Затоа елитните модни куќи доведуваат преведувачи. Иако сте отцепени од живиот свет додека работите, имате многу висока плата, па тоа би требало да ви биде доволна мотивација. Се бараат билингвални способности и богат моден речник. Освен тоа, оваа работа е релативно лесна.rn

6. Експерт за бои

rnЗнаете да ја препознаете и објасните разликата помеѓу небесно и бебешко сина? Тогаш оваа работа е створена како за вас. Да ги одредите нијансите на одредени бои е многу тешко, но овие луѓе се експерти во разликување бои. Освен препознавањето и разликувањето на нијансите, треба да создавате и нови бои. Односно, кога дизајнерот размислува за некоја боја вие треба да ја создадете баш таа нијанса.rnrn2-5-modni-profesii-koi-nikogas-ne-bi-vi-padnale-na-um-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.