Во светот постојат многу луѓе кои тврдат дека се пророци и дека имаат моќ да ја предвидат иднината. Сигурно сте чуле за Нострадамус и Баба Ванѓа и нивните пророштва, но тие не се единствените за кои се верувало дека можат да ги предвидат идните случувања.rnrn
rnrnМатео Тафури е познат како италијанскиот Нострадамус и тој пред неговата смрт во 1582 година предвидел дека кога градот Саленто во јужна Италија ќе биде два дена по ред завеан во снег, може да се очекува крај на светот.rnrnИако ова никогаш досега се нема случено, на почетокот на 2017 година во Саленто врнело снег и тоа точно два дена по ред.rnrn
rnrnЗборовите на Тафури биле следниве:rn
„Саленто од палмови дрвја и јужен ветер, силниот Саленто… Два дена снег, два блесоци на небото, знам дека тоа е крајот на светот, но не го посакувам.“
rn
rnrnСекако дека ваквите пророштва не треба да се земаат здраво за готово, бидејќи досега имало многу такви предвидувања кои претскажувале апокалипси и природни катастрофи, меѓутоа не се оствариле. Сепак, мора да признаеме дека ваквите теми на разговор се интересни за дебата и дискусија, така што слободно можете и вие да влезете во улога на пророци и да дадете ваше мислење околу можниот крај на светот.