КАФЕ ПАУЗА

5 трендови во патувањето кои нѐ очекуваат по завршувањето на пандемијата

5 трендови во патувањето кои нé очекуваат по завршувањето на пандемијата

Како ќе изгледа патувањето по коронавирусот? Теоретичарите кои се занимаваат со моменталната состојба и патувањата и трендовите на туристичката индустрија на глобално ниво, предвидуваат дека ќе имаме неколку приоритети при планирањето во следните неколку години.rnrnЌе сакаме да планираме поголеми патувања од соништата затоа што „никогаш не знаеш“ и веројатно ќе станеме пофлексибилни од кога и да било порано.rnrn5 трендови во патувањето кои нé очекуваат по завршувањето на пандемијатаrn

Staycation станува императив

rn„Патување без пасош“ или англискиот термин „staycation“ доби сосема ново значење од почетокот на светската криза предизвикана од вирусот. Затоа, кога веќе не можеме да излеземе од границите на нашите земји, можеме да најдеме начин да доживееме вистински одмор „дома“. Притоа, ги истражуваме и откриваме убавините на земјата во која сме родени или барем во моментов живееме, а одморите стануваат попрактични и поевтини за нашите џебови.rn

Во потрага по дивината

rnВо ерата на социјално дистанцирање, одморите во природа стануваат сè попривлечни. Патниците желни за широки пространства и инспиративни погледи копнеат да од локации на отворено. Празниците се планираат во форма на кампување кое станува омилен начин да го поминете одморот во мир и далеку од секого и од сè.rn

Изолирани дестинации

rnМногумина од нас ќе сонуваат за локации без гужви, сообраќај и класичен туристички хаос. Популарните плажи, изнајмувања на куќи, големи хотели и прометни градови може да бидат ниско на списокот со желби, додека приватните вили, чамци, како и тивките крајбрежни области, езерата, планините и руралните области ќе бидат високо на приоритетната листа.rn

Планирање на „патување од соништата“

rnВо текот на следните неколку години, „патување од соништата“ веројатно ќе се планира почесто. Знаете, оние патувања што сакате да ги „правите еднаш во животот“, оние за кои ќе им кажете на внуците. Со оглед на тоа што заклучувањето нè затвори сите и ни ги ограничи движењата, многумина ќе размислат и за епски патувања на долги патеки за кои вреди да планираат добро и да се заштедат. Живееме во период кога никогаш не знаете што ќе се случи, и тој предизвик нè принудува да ги преиспитаме приоритетите и ставовите.rn

Парадоксот на екологијата и одржливоста

rnЕдна од ретките придобивки од пандемијата е враќање во животната средина, бидејќи глобалното загадување достигна рекордно ниски нивоа. Индустријата е на колена и големите авиокомпании ги повикаа владите да ги одложат претстојните политики со кои ќе се ограничи воздушниот сообраќај и ќе се намалат емисиите. Иако поборниците за спасување на авиокомпаниите повикаа на строги услови во согласност со Парискиот климатски договор, реалната слика на индустријата бележи огромни загуби, така што планот за намалување на загадувањето засега ќе „падне во вода“.rnrnПрочитајте за овој шарен и цветен град во Колумбија кој е создаден за најубавите фотографии.