КАФЕ ПАУЗА

5 најдобри покерџии на сите времиња

5 најдобри покерџии на сите времиња

За покерот се смета дека во голема мера е игра на среќа. Оној што при делењето ќе добие најдобри карти, тој ќе го собере пленот. Но, ако тоа беше точно тогаш немаше постојано истите луѓе да бидат најдобри во оваа игра. Нивниот успех, покрај извесното количество среќа се должи и на вештини кои им помагаат да победат. Од сите кои си ја пробале среќата или се обиделе да научат како да играат покер, овие петмина постигнале најмногу.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrn

5. Фил Хелмут

rnИако Фил Хелмут има освоено најмногу турнири во покер, многумина не го сметаат и за најдобар покерџија на сите времиња поради тоа што изгубил неколку важни битки кои лесно можел да ги добие. Како и да е, рекордот по бројот на титули го сместуваат меѓу петте величествени.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrn

4. Џони Мос

rnЏони Мос важи за најдобриот кога станува збор за игра меѓу само двајца играчи. Според една легенда, тој во четириесеттите во една игра успеал да освои неверојатни 4 милиони долари, што ако се има предвид инфлацијата би го направило најуспешен на сите времиња. Во 1970 година Мос бил избран за најдобар играч во светот од страна на другите играчи, а една година подоцна го освоил и првиот организиран турнир воопшто.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrn

3. Фил Ајви

rnСо над 20 милиони долари заработени само од играње покер, сè уште младиот покерџија Фил Ајви има шанси да стигне до многу поголеми височини. Останатите играчи се сложуваат дека тој е најтешкиот денес активен противник. За жал, сè уште нема освоено некој позначаен натпревар, а тоа фрла сенка на неговите огромни играчки и финансиски успеси.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrn

2. Дојл Брансон

rnИако просечен играч ќе се повлече од играта во Холд’ем ако добие комбинација од 10 и 2, денес многумина продолжуваат да ја играат во чест на Дојл Брансон, кој успеал да победи на турнир со оваа доста лоша комбинација. Втор е на вечната листа после Фил Хелмут, а неговата книга „Супер систем“ е задолжителна литература за секој кој сака сериозно да се занимава со покер.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrn

1. Стју Унгар

rnНе бил активен играч долго време и поради тоа нема голем број победи на турнири, но сите се сложуваат дека Стју Унгар е најголемиот покерџија на сите времиња. Бил незапирлив. Немал вистински противник, освен самиот себе. За него се верува дека можел да победи дури и без да ги види своите карти, затоа што имал неверојатна способност да оцени што има противникот в раце. Долги години бил отсутен од натпреварите поради зависност од дрога, а заработката најмногу ја трошел на обложување на коњски трки и спортски натпревари. Починал во 1998 година, најверојатно како последица на предозирање со дрога.rnrn5 најдобри покерџии на сите времињаrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.