Секој од нас секојдневно донесува многу одлуки од различен карактер. Дали да го преместиме алармот да ѕвони покасно или да станеме веднаш? Дали да пиеме кафе или коњак? Да јадеме овошје или пица? Одлуката за ситните работи можеби е лесна, но што се случува кога ќе се соочиме со оние потешките?rnrnДали да бидеме во љубовна врска која води кон брак или безгрижно да го живееме животот сами со себе додека не се појави „вистинскиот“ партнер за нас? Да отвориме фирма или да работиме за просечна плата?rnrnЗошто кога имаме толку многу искуство во донесувањето одлуки, кога ќе се соочиме со некоја потешка умствено се „заглавуваме“, длабоко анализирајќи кој е вистинскиот пат кон кој треба да се насочиме?rnrn
rnrn- Најверојатно бидејќи донесувањето комплицирана одлука е тешка задача. Не постојат примероци на однесување и реагирање во таквите ситуации. Или ќе размислуваме повеќе од потребно и на крај ќе ја донесеме одлуката која може да биде и погрешната или ќе застанеме на нозе, ќе се соочиме со проблемот и ќе го решиме – онака како што најдобро знаеме и умееме.rnrnНајдобрите решенија не се донесуваат со премногу размислување, туку со следење на инстинктот кој секојдневно го употребуваме за донесување на оние ситни одлуки. Вие знаете што е најдобро за вас и за вашите најблиски и кога еднаш ќе решите да поверувате во тоа, ќе започнете побрзо да ги донесувате и покомплицираните одлуки.rn
1. Немојте да се задолжувате со пари
rnПарите ќе играат голема улога во повеќето од големите одлуки кои ги правите, а парите секогаш ќе ви создаваат главоболки. Во секој случај, подобро е да работите со свои, а не со туѓи, позајмени пари, бидејќи ако немате долгови ќе можете да ставите помал акцент на финансискиот елемент на вашата одлука.rn
2. Не прашувајте ги сите околу вас како треба да постапите
rnДоколку прашате пет луѓе да ви го кажат нивното мислење за вашиот проблем, многу е веројатно дека ќе добиете и пет различни одговори, а таквиот резултат ќе направи сè повеќе да се запрашувате која е вистинската одлука, а тоа ќе ве направи позбунети. Консултирајте ги само луѓето кои ќе бидат директно засегнати од вашата одлука, а сите останати само известете ги што сте решиле да сторите и направете го тоа со самодоверба.rn
3. Добро „измерете“ ги последиците
rnКоја е најдобрата, а која најлошата работа која може да се случи ако се решите за првата или втората опција? Дали она што сакате да го направите вреди доволно, за отпосле да ги трпите негативните последици од таквата постапка?rn
4. Слушајте што ви вели срцето
rnМожеби ви треба повеќе време за фактички да ја донесете најдобрата можна одлука, но кога веќе сте соочени со изборот, не заборавајте дека вашата смелост/срце/интуиција или што и да е она кое ве води низ животот, веднаш ќе ви го даде одговорот на прашањето. Запишете го првото нешто кое ќе помислите дека е она вистинското. Тој запишан одговор може да е клучот за вашата победа.rn
5. Бидете благодарни за можноста која сте ја добиле
rnАко вашите опции ги доживувате како тегоба, а не како животен предизвик, најверојатно ќе ја донесете погрешната одлука. Кога ќе сфатите дека во суштина сте многу среќни што можете да изберете помеѓу повеќе опции, ќе можете да реагирате соодветно.rn
6. Ќе имате ли излез од евентуалната погрешна одлука?
rnШто ќе се случи ако отпосле сфатите дека не ви се допаѓа одлуката која сте ја донеле? Ќе можете ли да се вратите назад? Препознавањето дали нешто може да биде вратено назад или не, го прави одлучувањето попрецизно во вашата глава.rn
7. Ослободете се од притисокот
rnПостојат големи шанси дека изборот кој што ќе го направите нема ниту да го спаси, ниту да го уништи светот. Ослободете се од драмата и земете ги предвид фактите. Верувајте си на себе. Ако не можете да го направите изборот, вратете се на точка 4.rn
8. Размислете дали имате трета опција
rnЧестопати се ставаме во позиција да избираме помеѓу опција А и опција Б. Немојте да се плашите да размислите за трета опција. Работите не се секогаш црно-бели.rn
9. Потсетете се на последната одлука
rnПрисетете се на последната одлична одлука која ја донесовте во вашиот живот и дозволете им на позитивните вибрации да ве одведат повторно на вистинското место.rn
10. Верувајте во вашата одлука
rnКога веќе сте ја донеле одлуката, верувајте во неа. Бидете убедени дека сте ја донеле вистинската одлука во моментот кога сте морале да ја донесете и потоа, продолжете понатаму со животот. Не оптоварувајте се со мисли од типот „што ќе беше, доколку беше“ и извлечете го најдоброто од вашата нова животна можност.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
