„Добрите луѓе не се вљубуваат секогаш во добри луѓе.“ – Џонатан Францен
rnПривлечноста е основната причина поради која започнуваат врските. Откако ќе нѐ привлече некој човек, почнуваме да размислуваме за понатамошниот развој на односот. Но, некои привлекувања немаат никаква врска со љубовта. Понекогаш причините поради кои се привлекуваме со некого се сосема различни. Привлечноста нѐ заслепува и прави да размислуваме пристрасно.rnrn
rnrnОд таа причина честопати ги гледаме само позитивните страни на луѓето кои нѐ интересираат, а ги игнорираме нивните негативни страни. Нас можеби многу нѐ привлекува некој човек и почнуваме да се вљубуваме во него, но тој се интересира за нас само за да извлече некаква корист. Доколку сѐ оди како што треба, по привлечноста доаѓа љубовта, па дури потоа станува збор за посветеноста, лојалноста и така натаму. Но, првичната привлечност мора да биде искрена за да дојде до сето тоа.rnrnСепак, не можеме да читаме мисли. Многупати, нѐ привлекуваат луѓе од сосема погрешни причини. За да се поштедите себеси од болката, мора прво да разберете зошто ве привлекува одредена личност. Ова се 5-те погрешни причини поради кои се раѓа вашата привлечност кон некого…rn
1. Мислите дека на човекот му треба вашата помош
rnСите имаме проблеми. Но, врската не може да опстои доколку постојано се обидувате да спасите некого или да му помогнете. Пожарникарите, докторите и полицајците секој ден го прават тоа за нас. Дали тоа значи дека ние сме во врска со нив? Секако дека не! Во врската, мора да го поддржувате партнерот, но секако дека тоа треба да ви биде возвратено. Можеби мислите дека на вашите сакани им треба вашата помош, но вистината е дека тие само ве искористуваат. Доколку некому навистина му треба вашата помош, треба да помогнете. Но, ваквиот случај не е таков. Немојте да мислите дека сте должни да забавувате некого.rn
2. Мислите дека можете да го промените човекот
rnСите заслужуваме втора шанса. Нормално е на вашиот партнер да му се случи да направи грешка и да се извини. Но, ако тоа постојано се случува, треба да престанете да ја трошите вашата енергија на врската. Не можете да промените некого, освен ако тој не сака самиот да се промени. Доколку мислите дека можете да промените некого и да му помогнете да стане подобра личност, тогаш живеете во голема лага. Тоа никогаш нема да се случи.rnrn
rn
3. Вашиот партнер прави да се чувствувате виновно поради вашите постапки
rnАко сѐ уште го сакате вашиот партнер поради тоа што прави да се чувствувате виновно за вашите дела, ве обвинува за недоразбирањата и секогаш ви вели дека врската нема да успее поради вас, тогаш тоа не е љубов. Вашиот партнер направил да ја изгубите вашата самодоверба. Вие сте му дале право да расудува што е добро, а што лошо. Не му дозволувајте да преземе контрола врз вашиот живот. Можеби некогаш сте згрешиле, но не сте вие секогаш виновни за сѐ и вашиот партнер сигурно не е светец. Вашиот сакан или сакана ги прават овие ниски работи затоа што не чувствуваат доволно љубов кон вас. Самите се повредувате во врската.rn
4. Луѓето околу вас ви велат дека треба да бидете со тој човек
rnМора да разберете нешто еднаш засекогаш. Ова е ваш живот и вие самите треба да одлучите што е добро, а што лошо за вас. Смеете да прифаќате совети и предлози од други луѓе, но ги земајте нивните зборови здраво за готово и немојте да правите нешто што ви создава непријатност. Ако мислите дека не треба да се смирите со поранешниот партнер, тогаш не правете го тоа. Ваш живот, ваша одлука.rn
5. Мислите дека ја сакате личноста
rnБез оглед на тоа колку сте повредени, сѐ уште мислите дека сте многу вљубени. Тука не се работи за привлечност, туку за сите убави спомени што прават да чувствувате дека станува збор за вистинска љубов. Можеби навистина ја сакате оваа личност, но доколку љубовта не ви е возвратена, тогаш тоа не е вистинска љубов. Чувајте ги спомените таму каде што треба да бидат – во минатото.rnrnЗапознајте се себеси пред да се вљубите во некого. Бидете претпазливи и држете ги очите ширум отворени пред да започнете врска за да се поштедите од сета болка и разочарување.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 алармантни знаци дека сте во лоша љубовна врска.