ТВ серија за приватна детективка чија кариера е насочена кон разоткривање измами
rn
Главни улоги: Миреил Инос, Роуз Ролинс, Питер Крос, Алими БалардrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатори: Кејт Аткинсон, Хелен Грегори, Алан Хеинберг, Џенифер ШурrnrnПремиера: 24 март 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за уште една ТВ серија од Шонда Рајмс, со Миреил Енос во улога на бестрашната приватна детективка Алис Вон од Лос Анџелес. Заедно со нејзината партнерка, Валери Андерсон (Роуз Ролинс), таа води тим кој работи вон границите на законот со цел да разоткријат случаи кои полицијата не може. Тие најчесто се првите кои ги бараат кога станува збор за измамници и измами, бидејќи се најдобри во својата работа, најверојатно затоа што често го прекршуваат законот.rnrn
rnrnВо овој момент Алис и нејзиниот тим се многу блиску до откривањето на еден измамник кој ги напаѓа нивните клиенти, и кој постојано им праќа порака која гласи „Дали сте подготвени за играње?“ пред да го направи следниот чекор. Но, како и секогаш претходно, тој успева да им избега. По неуспехот на работа, Алис се враќа дома кај нејзиниот богат и згоден свршеник, Бенџамин Џоунс (Питер Краус), кој всушност е измамникот кој таа се обидува да го фати.rnrn
rnrnСо оглед на тоа што неговата мисија ќе заврши, тој ќе мора да го напушти овој живот зад себе, оставајќи ја и Алис. Но, изгледа тоа нема да му биде толку лесно, бидејќи според неговите двоумења можеме да заклучиме дека тој навистина развил чувства кон неа. Сепак работите брзо се развиваат, без тој да може да ги контролира, и таа ќе дознае сè – по што започнува најголемиот случај во нејзиниот живот. Првата епизода завршува така што таа вели: „Сакаш да играме? Ајде да играме!“, давајќи ни до знаење дека таа ќе направи сè за да открие кој се крие зад маската на личноста која таа беше толку убедена дека добро ја знае…
