Откако многу земји ширум светот се ставени во карантин поради пандемијата на коронавирусот и се откажани патувањата низ целиот свет, луѓето почнаа да чувствуваат носталгија за минатите патувања. На социјалните мрежи како што е Инстаграм, започна да се појавува хаштагот #TakeMeBack (врати ме назад), со фотографии од местата што луѓето би сакале повторно да ги посетат ако имаат можност за тоа.rnrn
rnrnАнализирајќи повеќе од 200.000 објави на Инстаграм, истражувачите утврдија кои се местата што најмногу им недостасуваат на луѓето додека се во карантин. Повеќето луѓе тивко страдаат за Пирамидите во Гиза, кои се сметаат за најпознати градби од овој вид во светот. На второ место е индонезискиот остров Бали, а третото место го зазема грчкиот бисер Санторини. Кога станува збор за градовите, најмногу им недостасуваат Њујорк, Париз и Лондон.rnrnСпоред анализата на хаштагот #TakeMeBack на Инстаграм, ова се 10-те места што најмногу им недостасуваат на луѓето:rn
1. Големите пирамиди во Гиза, Египет
rn
rn
2. Островот Бали, Индонезија
rn
rn
3. Островот Санторини, Грција
rn
rn
4. Паркот на магичното кралство, Светот на Волт Дизни, Флорида
rn
rn
5. Ајфеловата кула, Париз
rn
rn
6. Големата Сфинга во Гиза, Египет
rn
rn
7. Бруклинскиот мост, Њујорк
rn
rn
8. Тајмс сквер, Њујорк
rn
rn
9. Островите Фи Фи, Тајланд
rn
rn
10. Светот на Волт Дизни, Флорида
rn
rnrnПогледнете кои 5 европски национални паркови нема да бидат преполни дури ни откако ќе се отворат границите.