Овој Велигден израдувајте го целото семејство со некој од овие 3 вкусни чоколадни десерти.rn
Вкусна чоколадна торта без брашно
rn
rn
Потребни состојки (од 6 до 8 парчиња):
rn
- rn011
- 350 г. темна чоколада искршена на парчиња
- 200 г. шеќер
- 225 г. путер (исечен на коцки)
- Плус путер за размачкување на тавата
- 6 јајца со средна големина (белките и жолчките да бидат одделени)
- 175 мл. зовриена вода
- 1 кафена лажичка инстант кафе (ова е по вкус, го додавате само доколку сакате вкусот на тортата да е појак)
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180˚C. Намрсете ја тавата за печење и поставете хартија за печење. Со помош на миксер измешајте ги чоколадата и шеќерот, па полека мешајќи додајте го путерот (коцка по коцка), жолчките од јајцата, кафето и зовриената вода. Добро изматете ги состојките. Во друг сад добро изматете ги белките од јајцата додека да станат пенести, па додајте ги во другата смеса со чоколадо.rnrnОваа смеса налејте ја врз подготвената тава за печење, почнувајќи од средина на тавата за смесата правилно да се распореди насекаде. Печете од 45 минути до еден час. За да тестирате дали тортата се испекла, наденете една дрвена чепкалка во средината на тортата, ако излезе чиста значи тортата е готова. Откако ќе се испече, оставете ја да се олади на собна температура.rnrnЗа декорација може да го послужите секое парче торта се две топки чоколаден сладолед, или секое од парчињата да го декорирате со шлаг и малечки парченца овошје.rn
Чоколаден чизкејк без печење
rn
rn
Потребни состојки (од 6 до 8 парчиња):
rn
- rn011
- 150 г. благи бисквити
- 150 г. темна чоколада искршена на парчиња
- 100 г. шеќер
- 50 г. путер растопен на собна температура
- 3 супени лажици какао во прав, малку разредено со жешка вода
- 200 г. крем-сирење
- 120 мл. шлаг
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИскршете ги бисквитите така што ќе ги ставите во кеса за замрзнување. Поставете ја кесата врз дрвена штица за готвење и издробете ги бисквитите мавајќи со тврд предмет. Искршените бисквити измешајте ги со путерот. Оваа смеса рамномерно распоредете ја во тава и оставете ја во замрзнувач.rnrnСтопете ја чоколадата ставајќи ја во сад над вода што врие, повремено промешувајќи. Во еден сад изматете го шлагот, па додајте го во садот со стопената чоколада, додавајќи го и какаото исто така.rnrnВо друг поголем сад за матење, изматете ги крем-сирењето и шеќерот. Откако добро ќе ги измешате, додајте ги во смесата со чоколада и промешајте ги заедно. Оваа смеса додајте ја над стврднатата смеса со бисквити, а потоа оставете да отстои во замрзнувач 1 час. Оставете ја на собна температура половина час пред да сервирате.rnrnЗа полесно да ја исечете тортата, потопете го ножот во жешка вода. Како декорација може да го прелиете секое парче со растопена чоколада и да додадете чоколадни трошки или чоколадни топчиња.rn
Чоколаден коктел за возрасни
rn
rn
Потребни состојки (за едно сервирање):
rn
- rn011
- Неколку коцки мраз
- 50 мл шлаг
- 3 супени лажици чоколаден сируп
- Сосем малку чоколаден ликер
- Сосем малку ликер од кафе
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо блендер ставете ги коцките мраз, па додајте ги шлагот, чоколадниот ликер и ликерот од кафе. Мешајте околу минута додека смесата не стане хомогена. Сипете го коктелот во чаша за коктели и декорирајте со шлаг и чоколаден прелив.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
