3 работи што детето ги учи додека е во утробата на мајката

Сподели

Научниците откриле дека луѓето можат да научат одредени работи уште пред да се родат. Звучи неверојатно? Прочитајте што учат децата додека се во утробата на мајката…rn

Реклама

1. Препознавање вкусови

rnПрофесорот Питер Хепер од Универзитетот во Белфаст сакал да дознае дали на луѓето им се допаѓа одредена храна пред раѓање. Тој спровел истражување на неколку бремени жени. Дел од нив требало да јадат лук, а другите целосно да го исфрлат од исхраната. Резултатите биле многу интересни. Децата чии мајки јаделе лук додека биле бремени, ги обожавале јадењата со лук уште кога имале 8-9 години. Истото важело и за сокот од морков. На бебињата кои имале 5-6 месеци и чии мајки го пиеле сокот додека биле бремени, многу им се допаѓал овој пијалак. Хепер тврди дека тоа е така затоа што го препознаваат истиот вкус што имале можност да го пробаат додека биле во утробата.rn

2. Слушање звуци

rnГрупа научници од Финска спровеле експеримент во кој две групи бремени жени или слушале детски песнички по цели денови или не слушале воопшто. Резултатите покажале дека бебињата од првата група реагирале на песните, додека другата група бебиња не покажале никаква емоција. Истражувачите дошле до заклучок дека првите бебиња ги научиле песничките додека биле во утробата на мајката.rn

Реклама

3. Препознавање говор

rnАтена Вулуманос, психолог од Универзитетот во Њујорк ги споредила реакциите на новороденчињата на човечкиот говор и на звуците и дознала дека бебињата реагираат на говорот. Тие се дури и повозбудени кога ќе си го чујат мајчиниот јазик. Ова истражување докажало еден многу важен концепт: Доброто звучно опкружување е неопходно за неродените бебиња, бидејќи тие би можеле да имаат нарушувања во говорот доколку не го слушале човечкото говорење доволно.

Доколку наскоро ќе станете мајка, погледнете ги овие креативни начини да ја соопштите вашата бременост.

Најново

Може ќе ве интересира