Кога вашите „зачадени очи“ изгледаат како да сте излегле од тепачка можеби е време да ги спуштите четките долу – барем на некое време. Без разлика колку пати го нанесувате карминот на вашите усни и ја цртате линијата на устата, секогаш изгледате како Џокер кога вели: „Зошто толку сериозно?“rnrn
rnrnШминката дефинитивно не е за сите и не треба да чувствувате потреба да се мачите со Јутуб-туторијали за да сфатите како нештото се нанесува. Прифатете ја вашата природна убавина, затоа што во спротивно, на маките со шминкањето им нема крај.rn
1. Виткачи на трепки
rnБез разлика колку луѓе ги користат, виткачите на трепки секогаш ќе изгледаат како справи за мачење. „Што ако си ги спојам трепките? Дали трепките можат да се пресечат на два дела? Што ако кивнам и си ги искинам сите трепки?“ – Вакви и слични прашања се вртат во вашата глава, токму во миговите кога треба да ја употребите оваа страшна направа.rn
2. Вештачки трепки
rnВештачките трепки се навистина голем предизвик за женскиот род. „Зошто трепките не ми се доволно долги? Како ги местат луѓето? Ќе си го затворам окото со лепило. О, Господе навистина не можам да го отворам. Очигледно во градинка не сум научила нешто за користењето лепила.“rn
3. Зачадени очи
rnЗборуваме за очи на ракун, така? Зошто некој воопшто би сакал да реди црнила околу очите?! Па тоа изгледа како да сме излегле од тепачка во бар… Сигурни сте дека сакате така да се нашминкате?rn
4. Туторијали
rn
rnrnТуторијалите за шминкање секогаш преминуваат од првиот чекор на 15-тиот. Како намерно да сакаат да нѐ збунат! Тие се брзи и лесни видеа само затоа што ги премотуваат важните нешта.rn
5. Течна пудра
rnСекогаш е мачно да ја пронајдеме вистинската нијанса на течна пудра. Секако дека не сакаме да изгледаме како духчето Каспер или како да сме излегле од солариум. „Да нанесам на дланката? На вратот? А зошто не можам едноставно да ја пробам на моето лице?!“rn
6. Природен изглед
rnЛуѓето мислат дека сте навистина храбри што сте излегле со природен изглед и минимална шминка. Не, всушност никако не можете да откриете како да не изгледате како кловн кога се шминкате!rn
7. Контури
rn„Контури? Ова требаше да ми го направи лицето да изгледа како да е вајано. Сега изгледам како да не сум се истуширала со денови и како да имам ѓубре размачкано по лицето.“rn
8. Природна шминка
rn„Како тоа мојот ББ крем не спаѓа во шминка? Има боја во него! Тоа е всушност пудра и плус ми ги покрива подочниците кои ми се влечкаат по подот.“rn
9. Црвен кармин
rn
rnrnБи го пробале овој класичен изглед, но не би сакале да ги слушаме луѓето да го цитираат Џокерот во „Темниот витез“ цел ден.rn
10. Професионална шминка
rnКога ќе нѐ нашминка професионалец, го гледаме потенцијалот на шминката. Исто така, знаеме дека никогаш нема да можеме да го направиме она што тој/таа го направил на нашето лице. „Можеби ќе направам доволно селфи фотографии кои ќе ми траат цела година.“