КАФЕ ПАУЗА

25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот

25 застрашувачки предвидувања за крајот на светот

rn

13. Апокалипса на информации

rnНа почетокот на 2016-та година, Авив Ивадја ја предвиде дилемата со лажните вести што го потресе политичкиот и новинарскиот свет. Сега тој смета дека благодарение на достапноста на информациите, луѓето можат да излажат за речиси сè и да создадат реалистични аудио и видео записи од политичари што кажуваат што било. Ова може предизвика многу проблеми.rn

14. Судирач на честички

rnНаучниците од Церн кои работат со судирачот на честички признаа дека тој може да создаде црна дупка, но тврдат дека е сосема безбеден. Но луѓето кои сакаат теории на заговор сметаат дека токму овој судирач може дан направи црна дупка што ќе ја проголта Земјата.rn

15. Предвидување на Евреите

rnРабинот Мојсеј Израел Бенџамин во неговата книга од 1894-та година предвидел дека кога ќе има соларна еклипса во хебрејскиот месец Елул, тоа ќе биде знак за почетокот на крајот. Тој напишал:rn

„Ова е лош знак за другите нации што ќе направи голема штета на кралевите од Истокот и ќе донесе големи бури и смрт за животните.“

rn25 застрашувачки предвидувања за крајот на светотrn

16. Промена на магнетното поле на Земјата

rnПред околу 780.000 години, половите на Земјата се промениле и научниците сметаат дека тоа ќе се случи повторно. Оваа промена може да има катастрофални ефекти на електричната мрежа и сателитите што ги напојуваат нашите системи. Без нив ќе се наруши целата рамнотежа во светот, а не можеме да направиме многу во врска со тоа.rn

17. Пренаселеност

rnЗемјата може да издржи ограничен број луѓе, а ова најмногу важи за зголеменото трошење енергија и природни ресурси. Научниците предвиделе дека ако продолжиме вака, на Земјата ѝ остануваат уште 600 години пред да биде непогодна за живеење.rn

18. Црна дупка

rnНаучниците предвиделе дека е возможно залутана црна дупка да стигне до Земјата и да ја проголта. Најстрашно во ова сценарио е што би знаеле за дупката, но не би можеле да направиме ништо. Досега се забележани 60 вакви залутани црни дупки.rn

19. Вонземјани

rnНекои експерти предвиделе дека во прашање се неколку години пред да стапиме во контакт со вонземјани. Ако ова е вистина, Стивен Хокинг сметал дека средбата нема да има добар крај. Ја споредил со средбата на Индијанците и Колумбо. Веројатно овие вонземјани ќе бидат многу понапредни од нас и би можеле да имаат болести што ќе го истребат човештвото.rn

20. Христијанска апокалипса

rnБиблијата ја има можеби најстрашната приказна за крајот на светот и предвидува дека тој ќе биде полн со војни, глад, земјотреси и страдање. На чело на оваа апокалипса би стоел антихристот. Многумина се обиделе да предвидат кога ќе се случи ова, но не успеале. Според последните теории на заговор, оваа апокалипса би се случила во 2025-та година.rnrn25 застрашувачки предвидувања за крајот на светотrn

21. Хакирање

rnЕкспертите за технологија предвиделе дека хакерите стануваат пософистицирани и можат да напаѓаат електрични мрежи, нуклеарни централи и централи за вода. Можат да ги уништат и да предизвикаат вистинска анархија.rn

22. Математички предвидувања

rnПрофесорот Даниел Ротман смислил математичка формула со која се предвидува потенцијалниот крај на светот. Тој одредил дека во океаните би имало премногу јаглерод и масовното истребување ќе биде неизбежно до 2100-та година.rn

23. Предвидувања на Хопи

rnИндијанското племе Хопи предвидело дека пред крајот светот, ќе бидеме преплавен со железни змии, камени реки и огромна пајакова мрежа. Како ова да не е доволно, на крајот Земјата би била удрена од џиновска сина ѕвезда.rn

24. Ладење на јадрото на Земјата

rnНекои научници предвиделе дека јадрото на Земјата може да се излади, а ова да резултира со распаѓање на атмосферата. Тие веруваат дека ова се случило на Марс пред милијарди години.rn

25. Судир со планета

rnНаучниците веруваат дека можно е да дојде и до ова. Ако залутана планета влезе во нашиот сончев систем, можно е да се упати кон нас. Се верува дека ова се случило пред милијарди години и од овој настан се формирала месечината.rnrnПогледнете и кои беа катастрофалните предвидувања за оваа година.