Кога некој ќе го спомне крајот на светот, тоа не е баш весела тема за дискутирање. Сепак, научниците, религиските лидери и експертите постојано смислуваат нови мрачни предвидувања. Од астероиди, до ужасни пандемии, постојат многу начини на коишто може да заврши светот. Па, погледнете 25 од нив. rnrn
rn
1. Експлозија на WR 104
rnНаучниците имаат предупредено дека ако оваа ѕвезда експлодира во супернова, што е очекувано, ќе испушти смртоносни гама зраци кон Земјата што ќе го уништат озонот и целиот живот.rn
2. Супервулкан
rnГеолошкото здружение претпоставува дека за околу милион години Земјата ќе преживее ерупција на супервулкан. Вулканот би бил доволно голем за да може да исфрли 3.200 километри кубни магма. Ова е споредливо со настан што се случил пред 75.000 години и предизвикал „вулканска зима“ која траела 6-10 години.rn
3. Предвидувања на Исак Њутн
rnПознатиот математичар, физичар и филозоф, по детално проучување на Библијата, верувал дека Земјата ќе биде уништена од катастрофални војни во 2060-та година. Сепак, верувал дека светот ќе биде одново изграден од Бог, со тоа започнувајќи нова божествена ера.rn
4. Роботи
rnДодека авторите на научната фантастика се убедени дека роботите ќе го освојат светот, физичарот Стивен Хокинг тврдел дека ова не е само шега и е многу блиску до реалноста. Тој изјавил дека ако вештачката интелигенција научи да се реплицира, кога-тогаш ќе го надвладее човештвото и ќе го истреби.rn
5. Предвидување на Институтот за технологија во Масачусетс
rnИнститутот во 1973-та година развил компјутерска програма наречена World One (Прв свет) со цел да се предвиди крајот на светот. Програмата користела податоци како нивото на загадување, растот на бројот на население, количеството природни ресурси и квалитетот на живот. Предвидела дека крајот на цивилизацијата би бил до 2040-та година, а 2020-та е годината кога сè ќе почне да се движи надолу.rnrn
rn
6. Сончева светлина
rnНаучниците предвиделе дека засилувањето на светлината на сонцето ќе ја исуши кората на Земјата и ќе го спушти нивото на јаглероден диоксид со што ќе се истреби целата вегетација. Поради ова ќе исчезнат и луѓето и животните. За среќа, ова нема да се случи уште 500 милиони години.rn
7. Пандемија
rnБил Гејтс предупредил дека следната пандемија на грип е многу блиску, а ние не сме подготвени за тоа. Со растењето на популацијата и способноста да се прават биолошки оружја, Бил предвидел дека ако не направиме нешто, 30 милиони луѓе би умреле уште на почетокот.rn
8. Предвидувања на Обединетите Нации
rnОд ОН објавиле извештај од научници според кој светот има околу 12 години да ја намали емисијата на јаглероден диоксид пред да настане катастрофална и непоправлива штета.rn
9. Астероид
rnСпоред професорот Ник Бостром од Универзитетот Оксфорд, доволно е астероид со дијаметар од само 1 километар за да го уништи човештвото. Според него, ваков астероид минува покрај Земјата секои 500.000 години.rn
10. Сончеви бури
rnСончевите бури можат буквално да ја исклучат струјата што би чинело многу пари. Ако нема струја, економијата ќе се дестабилизира.rnrn
rn
11. Суперлуѓе
rnСтивен Хокинг предвидел и дека напредокот во манипулирање на геномите може да води до цела нова генерација суперлуѓе. Богатите би биле првите кои ќе ја изменат нивната ДНК, па потоа другите не би имале шанси.rn
12. Нуклеарна војна
rnШтом ќе експлодира една бомба, ќе следат и други. Ова ќе резултира со многу смртни случаи. Преживеаните пак ќе живеат во многу помрачен свет. Многумина предвидуваат дека со зголемување на напнатоста помеѓу САД, Русија, Кина и Северна Кореја, нуклеарната војна може да биде неизбежна.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn