rn
19. Пештерска риба што оди по ѕидови
rnОткриена е тајванската пештерска риба што има многу заеднички особини со водоземците и влекачите. Уште една алка во синџирот на еволуцијата.rn
20. Проксима Б
rnОва е егзопланета која ја обиколува нашата најблиска ѕвезда и можно е да поддржува живот. Ова е возбудливо бидејќи може да биде знак за вонземски живот на помалку од 5 светлосни години!rn
21. ГК-ПИД
rnНаучниците откриле дека пред околу 800 милиони години, мала генетска мутација во древниот молекул на ГК-ПИД им овозможил на организмите од едноклеточни да станат повеќеклеточни. Едноставно, ова го овозможило настанокот на животот кој постои денес.rn
22. Пердув од диносаурус
rnКако сцена од Паркот Јура, еден палеонтолог пронашол добро зачуван пердув од диносаурус на пазар за смола во Бурма. Стар е 99 милиони години!rn
23. Вирусот Зика
rnНе станува збор за откривањето на вирусот Зика. Овој вирус прв пат бил идентификуван во Уганда во 1940-тите години. Она за што станува збор е откритието дека Зика предизвикува микрокефалија и други дефекти при пораѓај. Чудно е што вирусот е познат веќе 70 години, а за него се знае толку малку. Причината е тоа што пред епидемијата се сметало дека се наоѓа само во Уганда, а во САД само еден човек работел на овој вирус.rn
24. Водно коњче 44
rnГалаксија што емитува 1% од светлината на Млечниот Пат. Научниците утврдиле дека оваа галаксија може да е составена од 99% темна материја.rn
25. Вертикално слетување на ракети
rnИако сме виделе стотици слетувања на ракети во секој научно фантастичен филм, во реалноста ракетите се фрлаат во океанот. Благодарение на Елон Маск и SpaceX, се случи првото успешно вертикално слетување на ракета.
Погледнете ги и овие навидум фантастични откритија кои се иднината на технологијата.

