25 најшокантни откритија од изминатата година

Сподели

rn

Реклама

7. Вистинската 9-та планета

rnДолго пред да знаеме за Плутон, научниците мислеле дека имало уште една планета после Нептун. На почетокот тие мислеле дека станува збор за Плутон, но Плутон не се совпаѓал со ефектите на гравитацијата. Во 2016 година, научниците пресметале дека речиси сигурно постои деветта планета после Плутон. Иако сè уште не е пронајдена, пресметките се точни. Во случај да се прашувате, од 2 до 15 пати е поголема од Земјата и е оддалечена околу 240 трилиони километри од Сонцето.rn

8. Заробување на јаглерод

rnКога гориме фосилни горива, јаглеродниот диоксид оди во атмосферата и има негативни ефекти на природата. Научници од Исланд развиле технологија која ги заробува овие негативни емисии и ги става во земјата. На кратко, од нив повторно создава карпи.rn

9. Гравитациони бранови

rnНаучниците од ЛИГО (Laser Interferometer Gravitational Wave Observatory) во Калифорнија ги детектираа гравитационите бранови. Ако ова не ве возбудува, тука станува збор за нешто што Ајнштајн го предвидел во 1916 година со неговата теорија за релативност и дури во 2016 конечно се докажа дека е реалност.rn

10. Минатото на Венера

rnСпоред научниците од НАСА, можно е Венера да имала многу постудено минато. Всушност, можно е да имала и океани пред неколку милијарди години. Замислете го тоа… плажи на Венера!rn

11. ‘Рбетник со најдолг живот

rnНаучниците откриле дека ајкулата од Гренланд е ‘рбетник со најдолг живот – околу 400 години! Овие ајкули поголемиот дел од животот го поминуваат на дното на ледените океани што значително им го забавува метаболизмот. Како и да е, тие можеби содржат клучни информации за долговечноста.rn

12. Заздравување после мозочен удар

rnКористејќи матични клетки, докторите и научниците успеале да поттикнат закрепнување кај пациентите со мозочен удар. Некои пациенти дури си ја вратиле способноста за одење!

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира