Есента е тука, а со неа доаѓаат вирусите и бактериите, па затоа е време да почнете да се заштитувате од негативните влијанија и да го зајакнете имунитетот. Иако есента сама по себе е прекрасна, ретко имаме шанса да уживаме во неа поради големиот број болести. Па, доколку сакате да научите како да ги избегнете овие непријатни здравствени проблеми и да го зајакнете телото за зимата, тогаш сè што треба да направите е да ги следите овие 5 чекори.rnrn
rn
1. Заменете го кафето со чај
rnМожеби ви звучи како научна фантастика, но обидете се барем на неколку дена да го замените кафето со чај. Тој може да се консумира во поголеми количини, и доколку изберете органски, може да биде рај за вашите бубрези.rn
2. Пијте јогурт секој ден
rnСите знаеме дека јогуртот е навистина здрав и добар за вашето тело, па затоа и треба да го вметнете во вашата секојдневна исхрана. Ако не сте љубител на неговиот вкус, тогаш пробајте го следниов рецепт за смуди со јогурт.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 230 милилитри јогурт
- 1 исечкана банана
- 5-6 листови кељ
- 1 лажица мед
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги сите состојки во блендер и матете додека не добиете хомогена смеса.rn
3. Пијте многу вода
rnНајдобриот начин да направите детоксикација на вашето тело е доколку го опуштите, а со него и вашите мисли. Но, нема потреба да бидете премногу строги кон себе бидејќи и тоа носи дополнителен стрес. Едноставно пијте вода и ќе забележите дека веднаш се чувствувате подобро. Исто така започнувајте го секој ден со чаша млака вода и исцеден лимон.rn
4. Одете во сауна
rnКога станува збор за студените есенски и зимски денови, нема подобра идеја од сауната. Доволно ви е само саат време во текот на неделата за да ги исфрлите сите насобрани токсини преку потење. Сауната исто така може да се комбинира со базен, за малку да ја подобрите циркулацијата.rn
5. Не заборавајте на физичката активност
rnНе морате да тргнете во теретана или да трчате додека ве држат нозе за да бидете во топ форма. За почеток, доволно е само малку да се раздвижите со едноставно шетање, и како што ќе ја подобрувате својата кондиција, така и да го зголемувате интензитетот на вежбањето.rnrn