rn
13. Абдул Сатар Едхи
rnПакистанецот Абдул е основач на Фондацијата Едхи, организација која ја води најголемата амбулантна служба во светот. Организацијата управува со бесплатни домови за старци, сиропиталишта, клиники, засолништа за жени и центри за рехабилитација на корисници на дрога и ментално болни личности.rn
14. Оскар Шиндлер
rnОскар Шиндлер спасил околу 1.200 евреи од рацете на нацистите со тоа што им давал работа во неговите фабрики за оружје во текот на Втората светска војна. Иако бил свесен дека животот му е во опасност, не престанал да ги вработува евреите, па дури им плаќал и милиони на нацистите за да му ги оставаат Евреите нему.rn
15. Хосе Фигерес Ферер
rnХосе бил претседател на Костарика три пати и им дал еднакво право за гласање на мажите и на жените. Според него, иако мажите биле посилни од жените, ментално не постоела разлика помеѓу половите. Им дал државјанство на црните имигранти и воспоставил бирократија во неговата држава.rnrn
rn
16. Цесар Чавез
rnПознат како „Мартин Лутер Кинг од Мексико“, Цезар е коосновач на Здружението за фармери во Калифорнија кое денес е наречено Обединети фармери. Го оформил здружението со цел да ги подобри работните услови на латинските работници во неговата држава.rn
17. Папата Пиј XI
rnПред почетокот на Втората светска војна, папата Пиј одржал говор пред 250.000 аџии во Франција и изјавил дека нацистите не биле ништо повеќе од мизерни плагијатори кои ги обвивале старите грешки со ново руво. Пред почетокот на војната, имал голема улога во бранењето на Евреите и Христијаните.rn
18. Жак Делор
rnФранцускиот економист и политичар е осмиот претседател на Европската комисија. Како министер за економија и финансии, тој активно го промовирал прифаќањето на пазарната економија и усогласувањето со социјалната демократија во Европа.rn
19. Бил и Мелинда Гејтс
rnПреку нивната фондација, Бил и Мелинда Гејтс се најголемите филантропи во САД и имаат донирано над 30 милијарди во борбата против екстремната сиромаштија и болестите. Им помогнале на милиони луѓе да ги подобрат нивните животи.rn
20. Тич Нат Хан
rnБудистичкиот свештеник од Виетнам е мировен активист кој го посветил неговиот живот на мировни движења и наоѓање ненасилни решенија за конфликтите во неговата држава.rnrn
rn
21. Џон Ленон
rnИако бил контроверзен лик, неговите музика, филантропија и посветеност на мирот оставиле значен белег во светот.rn
22. Едвард Сноуден
rnМожеби најконтроверзната личност на листава, Едвард Сноуден, бил дел од Националната агенција за безбедност. Тој бил сведок на користењето таен компјутерски софтвер кој бил наменет за шпионирање на Американците. Неговите откритија ги споделил со јавноста пред да се сокрие во Русија. Тој ја истакнал опасноста што ѝ се заканувала на демократијата и им дал на луѓето избор да се справат со неа како што сакаат.rn
23. Морган Цвангираи
rnКако лидер на Движењето за демократска промена, Морган бил премиерот на Зимбабве и првиот жител на Зимбабве кој бил номиниран за Нобелова награда за мир. Номинацијата била благодарение на неговото владеење во Јужна Африка и слободата на неговите луѓе.rn
24. Татко Нгуен Ван Ли
rnВиетнамецот Нгуен бил католички свештеник кој се вклучил во неколку пред-демократски движења во Виетнам. За ова заработил 15-годишна затворска казна. Додека бил во затвор водел неколку ненасилни протести.rn
25. Доктор Сима Самар
rnДоктор Сима која ја основала Организација Шухада и клиниката Шухада, била активист за човечките права и демократијата во нејзината родна држава Авганистан. Ја основала организацијата кога сфатила дека има недостаток од здравствени установи за жени и деца. Оттогаш активно му се спротивставува на екстремизмот и неправдата.rnrnПогледнете ги и овие интересни факти за Нобеловата награда што веројатно не сте ги знаеле.
