Резервоарите за сензорна депривација ја зголемуваат својата популарност. Со многуте нови истражувања, се зголемува побарувачката за овој вид терапија. Можеби имате, а можеби и немате слушнато за овие резервоари. Иако не се точно докажана наука, сепак постојат некои истражувања. Па, прочитајте ги овие факти кои ќе ви помогнат подобро да ја разберете позадината зад оваа технологија.
rn
1. Психоделични почетоци
rnПрвиот човек кој создал резервоар за сензорна депривација е невронаучникот Џон К. Лили. Мешајќи наука со психоделични дроги и духовност, тој создал нешто навистина интересно. Тој ги користел резервоарите дури и под дејство на дрога.rn
2. Првите резервоари
rnДенешните пациенти лежат на грб во солена вода, но на почетокот тие биле целосно потопувани и носеле маски за кислород.rn
3. Температура на водата
rnМногу луѓе кои прв пат го пробуваат ова се прашуваат дали водата е премногу топла или студена. Температурата на водата обично изнесува околу 34 степени Целзиусови. Целта е да ви биде удобно и да не ја забележувате.rn
4. Пловење
rnПоради големата концентрација на сол, пациентите не потонуваат туку пловат во овие резервоари. Постои поголема опасност да ви влезе сол во очите отколку да потонете во овој резервоар.rn
5. Сетила
rnОвие резервоари се дизајнирани со цел да ги отстранат или намалат повеќето од сетилата, вклучувајќи ги и оние за мирис и вкус. Луѓето кои ги пробале велат дека речиси и да не гледаат и да не слушаат ништо, а ефектот бил навистина релаксирачки.
rn
6. Време поминато во резервоарот
rnНе постои познат рекорд за време поминато во резервоарите. Но покрај евентуалните паузи за тоалет и храна, можете да останете колку што сакате.rn
7. Нега на кожата
rnБидејќи пловите во вода, можно е да бидете загрижени за штетата која настанува на кожата. За среќа, нема никакво оштетување. Всушност, многумина изјавиле дека нивната кожа била посвежа и помека по завршувањето на терапијата.rn
8. Губење значи губење
rnБидејќи многу од овие резервоари се наоѓаат во спа центри, некои луѓе очекуваат музика или релаксирачки звуци. Всушност, овде нема музика, водена медитација или светло. Резервоарите се целосно тивки и темни.rn
9. Очекувањата се сè
rnВашето искуство најмногу ќе зависи од вашиот поглед кон резервоарите и вашите очекувања. Истражувањата откриле дека бидејќи сме програмирани да обрнуваме внимание на многу стимули, целосното отстранување на сетилата предизвикува релаксација.rn
10. Намален стрес
rnБидејќи резервоарите ве релаксираат, многумина тврдат дека чувствувале помалку стрес по терапијата. Оваа состојба му овозможува на нервниот систем да се релаксира и ја намалува анксиозноста.
rn
11. Намален симптоми на депресија и посттрауматски стрес
rnСпоред еден извештај, австралиски војник кој се вратил од Авганистан страдал од посттрауматски стрес и решил да ја проба оваа терапија. По 3 месеци многу од неговите симптоми исчезнале.rn
12. Намалена болка
rnЛуѓето кои страдаат од мигрена и други хронични болки често се чувствуваат беспомошно. Една жена тврдела дека нејзината мигрена значително се намалила по само една терапија. Според едно истражување од Националниот институт за здравје, пациентите кои учествувале во истражувањето искусиле намалување на болката и мускулната напнатост.
Продолжува на следната страница…

