25 луди факти за резервоарите за сензорна депривација

Сподели

rn

Реклама

13. Помага во борбата против зависност

rnРезервоарите за сензорна депривација ги отстрануваат сите нешта што го одвлекуваат вниманието и му помагаат на пациентот да влезе во медитативна состојба. Според едно истражување, тие им помогнале на многу пушачи да ги откажат цигарите.rn

14. Креативност

rnАко ви е потребна доза креативност, наводно овие резервоари можат да ви помогнат. Додека сте внатре, вашиот мозок создава побавни бранови слично како пред да заспиете. Кај многу пациенти се појавувале слики, интензивни мисли и инспирација.rn

15. Здравје на срцето

rnСекој сака здраво срце, но стресот може да предизвика многу проблеми. Според едно истражување, овие резервоари го намалувале крвниот притисок со тоа намалувајќи со стресот и подобрувајќи го сонот. Можеби ова е начин да се спречат некои срцеви болести.

rn

16. Опасности по здравјето

rnИако има некои здравствени придобивки, постојат и опасности. Се покажало дека и покрај чистењето можно е да останат микроорганизми од други пациенти. За овие резервоари обично не се користи хлор.rn

17. Поп култура

rnТие се појавуваат во неколку филмови и серии. Можеби едно од најпознатите појавувања е во ТВ серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things).rn

18. Халуцинации

rnПоради недостатокот на стимули, неретко луѓето халуцинираат кога се внатре. Истражувачите сметаат дека ова е поради феноменот познат како „набљудување на лажен извор“ каде што мозокот не може да го идентификува изворот на искуството.rn

19. Други димензии

rnДолго време постои мит според кој овие резервоари можат да ве испратат во други димензии. Џон К. Лили тврдел дека често патувал во други димензии, разговарал со други суштества и напредни цивилизации. Најверојатно станувало збор за халуцинации.rn

20. Цена

rnЦената на ова искуство се движи од 40 до 90 евра за 1 час. Ако сакате да го купите резевоарот ќе треба да одвоите околу 32.000 евра.

rn

21. Неодамнешна популарност

rnИако постојат подолго време, овие резервоари станаа многу популарни изминатава деценија. Во 2011-та година постоеле само 85 спа центри кои ја нуделе оваа терапија. Бројката пораснала на 300 до 2015-та година.rn

22. Необична смрт

rnНема многу смртни случаи поврзани со овие резервоари. Според Националниот институт за здравје една жена умрела во еден резервоар поради измешани лекарства, труење со етанол и хипотермија.rn

23. Не се за домашна употреба

rnИако не е потребно многу за да направите ваш резервоар за сензорна депривација, најдобро е да го направите тоа под надзор на експерт.rn

24. Потребни се повеќе истражувања

rnНаучниците продолжуваат да истражуваат за придобивките од овој изум. Сепак овие истражувања се во рана фаза. Многумина се надеваат на позитивни резултати.rn

25. Официјална лабораторија за истражување

rnМестото кое целосно се фокусира на истражување на резервоарите за сензорна депривација е Истражувачкиот центар и институт за мозочни истражувања. Овде резервоарите не се целосно затворени и се наменети за луѓе со сериозна анксиозност.

Погледнете го и ова видео за повеќе информации…

https://www.youtube.com/watch?v=CHmu5WQOOWc

Прочитајте и нешто повеќе за човечките сетила за кои веројатно не сте слушнале досега.

Популарно

Може ќе ве интересира