Дизајнерите се одлични луѓе. Тие деноноќно размислуваат како да ни ги направат животите попријатни, поудобни и поинтересни.
Избравме 20 од најинтересните нешта кои тие ги смислија изминатава година, за што им оддаваме признание за креативност, иновативност и практичност.rn
1. Уред кој покажува какво време нè чека следниот ден
rnОвој уред се нарекува Tempescope и е измислен од софтверскиот инженер Кен Кавамато. Стилски и практичен, совршен за секој дом.
rn
2. Шолји-огледала
rnИдејата и дизајнот се на јапонскиот дизајнерски тим D-Bros, а името на овој изум е Waltz. Шолјите ги рефлектираат шарите на тацните под нив и така засекогаш го решаваат проблемот со совршениот комплет за сервирање кафе или чај.
rn
3. Седло за родители
rnАко во минатото болките во грбот беа честа појава кај родителите бидејќи ги носеа децата на грб, тоа повеќе не е случај. SaddleBaby е името на новото седло за родители кое прави да им биде поудобно и на децата и на родителите.
rn
4. Чевли со потпетици кои се вадат
rnБлагодарение на дизајнерката Тања Хит, жените повеќе не мора да се плашат како ќе ја издржат цела вечер на високи потпетици. Овој изум е таков што ви дозволува да ги извадите високите потпетици од чевлите кога ќе ве заболат нозете или едноставно кога ќе посакате модерни балетанки наместо чевли со штикла. А најубавото е што потоа можете да ставите други потпетици и повторно да изгледате неверојатно.
rn
5. Чешма која штеди вода на прекрасен начин
rnОваа еко-чешма е изум на дизајнерот Симин Кју и штеди дури до 15% повеќе вода од класичните чешми така што го претвора млазот вода во прекрасна водена мрежа.

