rn
16. Ламба направена од стар, дрвен трупец
rnКога во пукнатините на дрвен трупец ќе ставите LED диоди, добивате неверојатно интересна и уникатна ламба и романтична атмосфера како во филмовите.
rn
17. Декоративни сукала
rnИзум кој дефинитивно ќе им заврши голема работа на сите домаќинки. Декорирањето на месените производи или колачиња е полесно од кога било со овие прекрасни декоративни сукала со различни дизајни.
rn
18. Прстени со мотиви кои изгледаат како да се живи
rnОвие прстени се измислени од уметникот кој се води под името Merryme, а се посебни заради тоа што се составени од три дела кои кога ќе се состават заедно делуваат како мотивите на нив да оживеле.
rn
19. Седишта за мачки
rnНа сите ни е познато дека мачките сакаат да спијат во смешни и уникатни пози, на секое можно место во куќата. Но, овие совршено несовршени седишта за мачки, дефинитивно ќе бидат нивната нова, перманентна занимација.
rn
20. Платнени оружја за борба со перници
rnДизајнерот Брајан Ку има дефинитивно практичен начин на размислување кој поврзан со уметноста резултира во фантастични изуми како овој – меки, платнени оружја за борба со перници.

