rn
7. Здравите заби се секогаш бели
rnНа големо разочарување, заболекарите тврдат дека апсолутно белите и здрави заби не постојат заедно во природата. Белите заби се знак за болест и недостаток на калциум во човечкото тело.rn
8. Ако чепнете жаба ќе ви се појави брадавица
rnБрадавиците кај луѓето се појавуваат од вирусот ХПВ кој ги напаѓа само луѓето. Не може да се пренесе од животни.rn
9. Земјата е совршено тркалезна
rnНашата планета постојано ја менува својата форма. Ова се случува поради постојаното движење на тектонските плочи. Сепак, движењето е мало – околу 5 сантиметри годишно. И покрај тоа, има влијание на изгледот на планетата која е далеку од совршена топка.rn
10. Човекот ќе експлодира во вселената без заштита
rnЧовекот може да преживее краток период во вселената ако го издише целиот воздух од белите дробови за да не ги уништи. Но, без кислород набрзо ќе изгуби свест или ќе умре.rn
11. Кремата со заштитен фактор ја штити кожата од рак
rnИако употребата на овие креми е секогаш добра идеја, тие не го отстрануваат целосно ризикот од рак на кожа. Поради ова, одбирањето на погрешниот заштитен фактор може да ве стави во поголема опасност. Без разлика колкав е заштитниот фактор, или колку често нанесувате од кремата, никогаш нема да бидете 100% заштитени.rn
12. Микробрановата печка ги отстранува хранливите материи
rnСекое готвење на храната води до губење и уништување на хранливите материи. Микробрановата печка едноставно ја загрева храната, па како резултат на тоа дел од хранливите материи исчезнуваат.
Продолжува на следната страница…rn

