18 популарни митови кои воопшто не се вистинити

Сподели

Денес ни се достапни толку многу информации што навистина е лесно да се збуните и да не знаете во што да верувате. Во продолжение ќе ги погледнете некои од најголемите митови во нашиот свет кои и покрај нивната популарност, сепак се лага.rn

Реклама

1. Викиншките шлемови имале рогови

rnНиту едно историско откритие ја нема потврдено оваа теорија. Роговите на шлемовите на Викинзите се појавиле во 19-тиот век само затоа што уметниците почнале да ги претставуваат на овој начин.rn

2. Внесувате повеќе калории ако јадете навечер

rnНе е важно во кој дел од денот јадете. Она што навистина е важно е вкупниот број на внесени калории.rn

3. Сезоните се менуваат затоа што Земјата е поблиску до сонцето во лето, а подалеку во зима

rnПричината за промената на сезоните е наклонот на оската на Земјата и ротацијата околу сонцето. Ако оската не е со наклон, бројот на часови во денот и ноќта на секое место на Земјата би бил ист, а во текот на денот сонцето би изгревало над хоризонтот на иста висина во текот на целата година.rn

4. Црните дупки се како инки што голтаат сè околу нив

rnВистинската црна дупка наликува на топка. Всушност, нема никаква „дупка“ која привлекува нешто внатре. Тоа е само небесно тело со толку силна гравитација што ни светлината не може да избега од него – затоа и е црно.rn

5. Фотографската меморија постои

rnВсушност, нема никаков научен доказ за постоењето на фотографската меморија. Неверојатната меморија најчесто е резултат на користење мнемонични техники, а не од природна дарба.rn

6. Сировиот зеленчук е поздрав од готвениот

rnОва правило не важи за сите зеленчуци. Оние кои е подобро да ги јадете готвени се моркови, домати, компири и цвекло. Корисните минерали од сварените зеленчуци се апсорбираат 6-7 пати подобро за разлика од сировите, и покрај тоа што некои витамини се губат при третманот со топлина.

Продолжува на следната страница…rn

Најново

Може ќе ве интересира