18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Сподели

rn

Реклама

7. Избегнете губење на обетките

rnДоколку сакате да имате уредна кутија за накит и не сакате да губите време барајќи ја изгубената обетка којашто планирате да ја носите утре на работа, можете едноставно да ги чувате паровите обетки на едно копче. Со овој едноставен трик, тие секогаш ќе бидат една до друга.rn

6. Темелно исчистете ги тенџерињата

rnМоже да ги искористите мрежичките во коишто се продава овошјето и зеленчукот за да ги исчистите дамките од металните тенџериња, без да ги оштетите и изгребете.rn

5. Како да спречите губење на ситни предмети

rnМожете да користите ЛЕГО коцки за да направите одлични држачи за ситни работи низ домот. Така на пример, можете да закачите едно подолго парче на некое погодно место, со помош на лепак или магнет и да ги прикачите ситните предмети за него коишто постојано ги губите низ домот.rn

4. Спречете свеќите да прават дамки на масата

rnДали сте знаеле дека можете да подготвите романтична вечера, дури и ако немате држачи за свеќи низ домот? Доколку свеќите можат самостојно да стојат, можете да ги ставите во силиконски калапи за колачи, а тие ќе спречат капење на восок на масата. Интересно е да се спомне и дека восокот не се лепи за силиконот, па без мака ќе ги измиете калапите после употребата.rn

3. Отстранете го електрицитетот од алиштата

rnОвој чуден метод во суштина, функционира одлично. Сè што треба да направите е да прикачите безопасна игла на внатрешната страна од облеката.rn

2. Едноставен трик за домот да ви мириса на кафе

rnДоколку запалите свеќа во садови полни со зрна кафе, тие ќе се загреат и ќе создадат пријатен мирис на кафе во просторијата.rn

1. Набрзина и лесно пресечете варени јајца

rnНавистина е тешко да се пресечат варени јајца со нож, бидејќи тие речиси секојпат се дробат на ситни парчиња. Дури и ако користите специјален секач за јајца сепак морате секое јајце поединечно да го сечете, а тоа не е баш брзо и погодно решение кога се подготвувате за големи прослави. Затоа, доколку сакате да исечете повеќе јајца одеднаш, сè што ви е потребно е решетка за скара.

Ако оваа содржина ви беше интересна, може да ги прочитате и овие 25 летни проекти за подобро расположение, коишто можете да ги направите сами.

Најново

Може ќе ве интересира