Дали сте знаеле дека копчињата не се наменети само за облека, сламките не се наменети само за пиење на вашиот омилен пијалак, а калапите за колачиња имаат многу повеќе функции од држење и печење на вашите слатки? Ако се сомневате дека тоа е возможно, тогаш продолжете со читање и дознајте ги следниве 18 секојдневни трикови, кои ќе ви докажат дека буквално секој предмет што постои, има повеќе од една примена.rn
18. Спречете го лизгањето на облеката од закачалките
rn
rnrnНекои типови облека многу често се лизгаат од закачалките во плакарот. За да го спречите лизгање на вашата омилена блуза од закачалката којашто тукушто сте ја испеглале, сè што треба да сторите е да прикачите гумени ластичиња, како што е прикажано на фотографијата погоре. Ластичињата поставени на овој начин ќе имаат улога на преграда, којашто ќе го спречува здодевното лизгање.rn
17. Затворете кеса со сламки за пиење
rn
rnrnДоколку сакате брзо и ефикасно да затворите веќе отворена кеса за грицки, сè што ви е потребно се две сламки и малку креативност. Најпрво земете една сламка и завиткајте ја ќесата околу неа по должина. Потоа земете уште една сламка, пресечете ја попреку и навлечете ја одозгора врз првата сламка.rn
16. Едноставен начин да го најдете крајот од селотејпот
rn
rnrnСелотејпот ни е потребен секојпат кога сакаме да залепиме некој пакет и навистина е фрустрирачки доколку се брзаме, а не можеме да го најдеме крајчето каде што бил последен пат пресечен. За да го избегнете тоа, едноставно закачете една спојница за хартија на тоа место, па следниот пат кога ќе го користите ќе бидете многу благодарни што сте го примениле овој трик.rn
15. Практично складирање на пластичните кеси
rn
rnrnКартонските и пластичните кутии од хартиени и влажни марамчиња исто така можат да добијат нов живот и да се реупотребат за нешто друго. Така на пример, тие се одлично место за складирање на вашите пластични кеси. Згора на тоа, можете да користите повеќе кутии за различни видови кеси.rn
14. Едноставно складирање на шнолите за коса
rn
rnrnНавистина нема подобра идеја од тоа да ги чувате тенките шноли за коса во пакување од Тик Так бонбончиња. Ова пластично кутиче секогаш ќе ги чува на безбедно за да не се загубат и воедно е многу лесно да ги извадите од него.rnrnТриковите продолжуваат на втората страница…rn
