rn
13. Корсет за кралицата на Англија
rnПо закон, главата на секој мртов кит пронајден на брегот на Британија му припаѓа на кралот. Опашката ѝ припаѓа на кралицата во случај да ѝ требаат коски за да си направи корсет.rn
14. Смртоносно тестирање
rnВо 1920-тите панцирот бил тестиран од страна на човек. Еден од „среќниците“ кои имале можност да тестираат бил полицаецот Марфи. Тој бил застрелан 2 пати во градите, а очевидците изјавиле дека не ни трепнал.rn
15. Древните Египќани го предвиделе изгледот на денешните возила
rnНа големо изненадување на научниците, една плоча најдена го храмот на кралот Сет I во Абидос, Египет содржи хиероглифи во форма на авион, хеликоптер и цепелин. Иако сè уште претставуваат мистерија, се смета дека овие форми се резултат на преклопување на хиероглифите.rn
16. Трансплантација на заби од еден човек на друг
rnВилицата на фотографијата му припаѓала на човек кој живеел на територија на Италија пред 2.500 години. Низ историјата луѓето користеле разни методи за да ги заменат изгубените заби. За време на Етрурската цивилизација, паднатите заби се користеле за да се поправи вилицата и да се зачува убавата насмевка. Подоцна, во 19-тиот век, сиромашните луѓе ги продавале своите заби на богатите, кои пак ги трансплантирале на местото на изгубените заби.rn
17. Викинзите стапиле во контакт со исламскиот свет
rnСребрениот прстен што бил откриен во гробот на жена Викинг збуни многу научници. Стаклото на прстенот за кое се мислело дека е аметист содржи арапско писмо и пишува „За Алах“. По внимателно испитување, се открило дека прстенот имал неколку сопственици пред да биде закопан. Ова откритие е доказ за контактот помеѓу Викинзите и исламскиот свет.rn
18. Најголемата птица што живеела на Земјата
rnАргентавис е птица која живеела на Земјата пред илјадници години. Распонот на нејзините крилја изнесувал 7,6 метри и се смета дека е најголемата птица што постоела на нашата планета.
Знаевте ли дека некои познати историски факти се лажни?

