КАФЕ ПАУЗА

9 секс пози кои ќе ви помогнат да се заљубите

9 секс пози кои ќе ви помогнат да се заљубите

Не постои дилема дека одредени секс пози можат да предизвикаат повисоко ниво на емоционална интимност. Овие пози им овозможуваат на партнерите да го надминат нивното сензорно искуство, да ги интензивираат нивните средби и да ги исполнат со емоционално значење.rnrn9 секс пози кои ќе ви помогнат да се заљубитеrnrnКонтактот со очи, бакнежите, прегратките, довербата и погледот се емоционални додатоци на физичкото искуство, па токму затоа следниве секс пози можат да ви помогнат да ја подобрите вашата емоционална поврзаност.rn

1. Жената одозгора

rnПозата во која мажот лежи, а жената е врз него може да биде многу ранлива за обата љубовници, па токму затоа може да создаде емоционална интимност. Тој треба да се потпре на нејзините одлуки, додека пак таа е изложена на неговото проучување. Ова позиција е идеална за многу допири и интимни нежности.rn

2. Држи ме

rnВо оваа поза мажот ја држи жената онака како што би го правел тоа кога таа би скокнала во неговите раце. Со нејзините нозе замотани околу неговата половина и со нејзините раце околу неговиот врат, оваа љубовна поза се карактеризира со бавни и романтични движења, проследени со страсни бакнежи.rn

3. Напредна мисионерска

rnМисионерската поза е секогаш интимна заради близината на лицата и целосниот контакт на телото. За да ја подобрите емоционалната интимност, мажот може да ја држи жената за нејзиниот задник или да ги помести неговите нозе надвор од нејзините со цел да може целосно да го опфати нејзиното тело. Доколку партнерите го сакаат тоа, оваа поза исто така овозможува добар пристап за анален секс така што ќе ја задржи лице в лице интимноста.rn

4. Лажичка

rnДа, точно прочитавте. И покрај тоа што не постои контакт со очите во оваа поза, таа може да создаде интензивна емоционална поврзаност бидејќи мажот заштитнички го прегрнува целото тело на жената. Тоа е исто така одлична поза за допири, силни прегратки, па дури и држење за раце, кои можат да се исклучително интимни за време на сексот.rn

5. Слободни раце

rnМажот нека седне на столица, додека жената е спроти него, свртена кон него, со нејзините стапала цврсто на подот. Во оваа поза паровите не само што имаат лице в лице контакт, туку имаат и максимален пристап за возбудливи бакнежи и шепоти… Да не ги заборавиме и 4-те слободни раце за допири.rn

6. Прекрстени нозе

rnОваа поза овозможува неверојатна емоционална интимност. Бидејќи мажот седи со прекрстени нозе, а жената во неговиот скут со своите раце и нозе обвиткани околу него, љубовниците се целосно испреплетени еден во друг. Потребата за бавни и сензуални движења во оваа поза додава романтичен интензитет.rn

7. Мисионерска на нозе

rnЗавртете ја мисионерската поза за 90 степени така што и двајцата ќе стоите еден спроти друг и ќе имате целосен контакт со вашето тело. Мускулите се затегаат со цел да ве одржат на нозе, па дури и со поддршка позади неа и двајцата ќе можете физички да се потпирате еден на друг.rn

8. Бавни движења

rnВо оваа секс поза, мажот седи, со нозете раширени, потпирајќи се назад на своите раце. Жената седи врз него, гледајќи кон него и се движи напред-назад така што ги испружува и собира своите нозе позади него. Самата позиција бара бавни и нежни движења, па токму поради тоа предизвикува емоционална интимност и можност партнерите да го набљудуваат секое свое движење.rn

9. Висока љубов

rnЖената лежи на својот грб, на крајот од креветот или на која било друга површина и ги поставува своите нозе врз рамената на мажот кој стои пред неа. И двајцата љубовници делат контрола, мажот со своите движења, а жената со помош на своите нозе може да турка напред-назад, да го успори или да му дозволи целосно да се потпре врз неа.