rn
13. Би требало да го знаете ова
rnВо Индија нема централен систем за топла вода. Во хотелите со 3 ѕвезди има бојлери, а на другите места водата се топли „рачно“. Можно е да нема ни тоалетна хартија – најчесто се користат тушевите во тоалетите. Во гостинските куќи и хотелите има тоалетна хартија.
И покрај стереотипите дека Индија е валкана, домовите се секогаш многу чисти. Овде нема канализација, но нема да се соочите со тој проблем во местата каде што има многу туристи. Не заборавајте, Индија може да биде многу различна и секој регион е посебен. Нештата што ќе ги видите во мал град се целосно различни од нештата во големите.rn
14. Не заборавајте да бидете благодарни
rnВо кафетериите и рестораните е во ред да оставите бакшиш, од 3% до 10%. Истото важи и за масерите. Локалните деца сакаат пенкала, слатки и парички. Туристите често се жалат дека послугата во хотелите и кафетериите не е гостопримлива. Но, имајте на ум дека луѓето овде работат премногу, а тоа има влијание на нивното расположение. Како и да е, локалните жители секогаш ќе бидат радосни кога ќе ве видат.rn
15. Кино
rnИндијците се навистина талентирани луѓе. Овде се снимаат над 1.600 филмови секоја година. Индија прави повеќе филмови од која било друга држава во светот, а филмовите се прикажуваат во над 90 држави.rn
16. Уште неколку интересни факти
- rn 011
- Мобилните мрежи и Интернетот се многу евтини во Индија.
- И другите работи се евтини. На пример ручек со пилешко или риба би ве чинел околу 1 евро, а шолја чај чини помалку од 20 центи. Храната и пијалаците се многу поевтини од речиси целиот свет.
- Овде нема да имате проблем со јазикот доколку разбирате англиски. Индија е втората држава во светот по САД според бројот на жители што зборуваат англиски.
rn 011
rn 011
rn
rn
Каде да одите?
rnИзборот зависи од она што сакате да го правите.rn
- rn 011
- Нуркање, пливање, риболов: Островот Сент Џорџ.
- Нуркање за искусни, потонати бродови: Островот Гранд
- Богат подводен свет: Островот Нетрани
- Лекување, ајурведа: Керала
- Спа центри: Јужниот дел од Гоа.
- Забави, ноќни клубови: Северниот дел од Гоа.
- Најдобри плажи: Западна Индија, Гоа.
- Историја: Делхи.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДоколку патувате со партнерот, не заборавајте да ги посетите овие 10 егзотични места во Индија.

