15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

Сподели

rn

Реклама

6. Мостар

rnМостар беше еден од најразрушените градови во војната во Босна, но и покрај тоа денес има доволно сочувана архитектура која говори за богатото културно минато на овој град. Најпознатата атракција овде е Стари Мост, а покрај тоа градот изобилува и со преубава исламска архитектура.

rn

7. Задар

rnНајважното нешто што треба да се види и слушне во Задар се Морските оргули и Поздравот на Сонцето. Морските оргули се скалила изградени на самиот брег под кои има мали цевчиња кои со помош на силата на морето произведуваат звук во седум различни акорди од пет тонови, а звукот излегува од посебни канали. Поздравот на Сонцето, пак, е голем круг од стаклени плочки во кои е вградена опрема за собирање на соларна енергија и којшто почнува да свети веднаш штом зајде сонцето.

rn

8. Ровињ

rnМалиот хрватски град Ровињ со својот изглед многу потсетува на италијанските крајбрежни гратчиња. Впрочем, во градот и хрватскиот и италијанскиот јазик се службени.

rn

9. Котор

rnКотор е спој на спектакуларни пејзажи и шармантна јадранска архитектура. Сместен е во заливот Бока Которска кој претставува најдлабок фјорд на Балканот, а секако и најубав. Стариот дел на градот е прекрасен и е под заштита на УНЕСКО. Од таму може да ги искачите 1350-те скалила кои ќе ве одведат до стрмните планини и ќе ви понудат незаборавна глетка над градот и целиот залив.

rn

10. Призрен

rnПризрен не беше многу оштетен во неодамнешната војна во Косово, така што бројните џамии и манастири од средниот век се добро зачувани. Од Скопје е оддалечен околу четири часа со автобус.

Популарно

Може ќе ве интересира