rn
11. Рилски манастир
rnМанастирот Свети Иван Рилски, попознат како Рилски манастир е сместен во долината на Рилска Река, на 117 километри јужно од Софија и недалеку од Благоевград. Датира од десеттиот век и е еден од најважните културно-историски споменици во Бугарија.
rn
12. Блед
rnАко се зборува за природните убавини на Словенија кои вреди да се посетат, мора да се напомене дека тоа е мала земја од која секоја педа е живописна. Блед сигурно е едно од најубавите места на кои би можеле да заминете на прошетка. Бледското Езеро има кристално чиста вода и магично островче на средината. Вреден за посета секако е и Бледскиот Кањон, издлабен долж Радовна Река.
rn
13. Сремски Карловци
rnСремски Карловци е мало гратче во Србија, оддалечено шест километри од Нови Сад. Има помалку од 10.000 жители и, иако мало, има да понуди многу убава архитектура од 18-тиот и 19-тиот век.
rn
14. Шкоцјански пештери
rnШкоцјанските пештери во Словенија се полни со прекрасни сталактити и сталагмити, а дополнителна убавина и мистичност им дава и подземната река којашто се губи низ тунелите и пак се појавува. Ова е највисоката пештера во Европа.
rn
15. Тирана
rnТирана е одамна сменета и тамошниот амбиент воопшто не соодветствува со стереотипите што светот ги има за Албанија. Луѓето се пријателски расположени, а градот добива нов современ лик во последните неколку години, кој со традиционалната исламска архитектура го прави интересен за посета. Исто така, Тирана може да се пофали и со одличен ноќен живот.
Сте посетиле ли некое од овие места? Кое најмногу ви оставило впечаток? Можете ли да препорачате некое место кое не е многу популарно, а не е спомнато овде?

