КАФЕ ПАУЗА

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

Нашиот регион е многу убав. Полн е со прекрасни места кои би било убаво да се посетат, а овде пишуваме само за 15 од нив. Овој пат ќе ги изоставиме убавините на Македонија, затоа што добро ги знаете. Ќе ги изоставиме и преубавите грчки и хрватски острови, затоа што се безброј, а и нив веќе добро ги знаете. И за Истанбул и Дубровник веќе имате доволно информации зошто треба да се посетат. Затоа ќе ви сугерираме на некои помалку популарни места кои би требало да ги имате предвид ако сакате да патувате и подобро да го запознаете нашето поднебје.rn

1. Белград

rnИ Белград е добро познат и веќе е доста популарен, но сепак мора да се спомене од две причини: таму има многу што да се види и е многу блиску до Македонија, така што патувањето до таму би било доста евтино. Градот веќе важи за една од европските престолнини со најдобар ноќен живот. Покрај тоа полн е со знаменитости, од кои секако најбитна е глетката од Калемегдан.rnrn15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетатrn

2. Плитвице

rnМоже да се спори дали ова е најубавото место на Балканот или тоа се јадранските и грчките острови, но секој ќе се сложи дека ова е местото кое е изгледа како да е излезено од бајките. Се наоѓа во близина на Загреб и не е тешко да се посети од Македонија.rnrn15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетатrn

3. Метеора

rnМистичните предели на Метеора значително се разликуваат од сликата која секој од нас ја има за Грција. Наместо за плажи и море, овој пат се работи за огромни карпести формации на чии врвови се сместени православни манастири. Тие се извишуваат над гратчето Каламбака, недалеку од Кожани и Лариса.rnrn15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетатrn

4. Крка

rnХрватскиот национален парк Крка не е светски познат како Плитвице, но неговата природа може исто толку да ги воодушеви посетителите. Тие обично се најзаинтересирани за водопадите кај Скрадински Бук и за Висовац, мало островче во реката Крка на кое што има преубав манастир. Националниот парк се наоѓа во близина на Шибеник.rnrn15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетатrn

5. Сараево

rnСараево е град каде што се мешаат многу култури од кои тој го црпи својот шарм. Религиозната разновидност се огледа во архитектонските стилови кои се среќаваат во градот, а за локалното население веќе знаете дека е секогаш пријателски расположено. Луѓето таму сакаат времето да го минуваат надвор од дома, па иако Сараево не е голем град, тој е многу жив.rnrn15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетатrnrn