rn
6. Лепливи белешки
rn
rnrnДоктор Спенсер Силвер се обидувал да создаде трајно лепило, но лепакот што го добивал не бил доволно силен поради што предметите многу лесно се одлепувале. Потоа неговиот колега Артур Фрај му предложил да го искористи неговото лепило за да ги зацврсти своите бележници во црковната песнарка. Наскоро, лепливата хартија за пишување белешки се појавила во продавниците и сѐ уште се користи ширум светот.rn
7. Високи потпетици
rn
rnrnВо древен Египет високите потпетици биле знак за статусот на влијателните функционери кои носеле обувки на високи потпетици за време на религиозните ритуали. Ова важело и за мажите и за жените. Вакви чевли носеле и месарите за да не газат во крв, додека, пак, персиските јавачи ги користеле високите потпетици за да се задржат додека стрелале. Во средновековна Европа, високите потпетици биле привилегија во која уживала само аристократијата, а подоцна станале попопуларни. Конечно, во 20-тиот век биле измислени познатите штикли.rn
8. Заштитна кеса со меурчиња
rn
rnrnПознатата заштитна кеса со меурчиња била измислена од страна на инженерите Алфред Филдинг и Марк Чаванес во 1957 година. Најпрво, таа требала да биде тридимензионален пластичен тапет, но идејата не успеала. Сепак, откривачите забележале дека материјалот може да се користи за пакување и набрзо патентираната заштитна кеса со меурчиња станала достапна во различни места ширум светот.rn
9. Перници
rn
rnrnВо Месопотамија, перниците биле луксуз во кој уживале само богатите луѓе, додека, пак, тврдите перници се користеле како заштита од бубачки и инсекти. Во древна Кина се верувало дека меките перници се бескорисни, додека пак тврдите перници направени од бамбус, жад, порцелан, дрво и бронза овозможувале сила и заштита од демони.rn
10. Вазелин
rn
rnrnВо средината на 19 век, работниците на полињата за нафта постојано се бореле со восочната супстанца која се собирала во нафтените пумпи. Британскиот хемичар Роберт Чезброу видел една генијална можност во сето тоа. Тој земал дел од овој „петролејски восок“, направил истражување и дознал дека тој има многу корисни карактеристики. Како резултат на тоа, неговата употреба на почетокот била многу широка. Вазелинот се користел за лечење рани, но и за чистење теписи!rnrnНа третата страница ќе откриете за што првично се користеле и последните 5 секојдневни работи…rnrn
