КАФЕ ПАУЗА

Книга: „Патот кон величественоста“ – Робин Шарма

Written by

in

За величествена 2015 година 🙂

rn

1-kniga-patot-kon-velichestvenosta-robin-sharma-kafepauza.mkНаша оценка: 9/10

rn

Ваша оценка: [ratings]

rnНе може да не сте слушнале за Робин Шарма. Освен ако не сте живееле во подрум изминатите години гледајќи исклучиво турски серии, додуша не би ме изненадило и таму во некоја епизода да го споменале. Значи, Робин Шарма е светски познат лидер и консултант кој работи со најголемите корпорации во светот, автор на книги за „самопомош“ а пред некое време сите вие ја читавте таа за калуѓерот и ферарито. Велам „сите вие“ затоа што јас очигледно сум живеела во подрум. Сериозно, книги за самопомош, мотивација, личен развој и слични такви ми се на дното на листата веднаш до книги за здрава исхрана. Нема врска тоа со книгите, туку со фактот дека мене тие не ми помагаат па не знам кој гуру да ги напишал. Плус, веројатно има дијагноза и за ова, ако видам повеќе од тројца во автобус како читаат иста книга во рок од една недела, нема шанси да ја фатам, да речеме дека од истите причини никогаш нема да ја прочитам таа со нијансите на сиво. Не прашувајте зошто.rnrn


rn

Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

rnrnrn


rnrnЕ сега прашањето, зошто рецензија токму за „Патот кон величественоста“ (имево стварно не ми помогна да ја сфатам книгава сериозно) и од кај ми падна на памет да ви препорачам книга за self-help токму за последната среда и воедно последен ден од оваа 2014 година? Оваа година ми постави две-три квалитетен сопки морам да признаам, па и на нам најдобрите (ха,ха) некогаш ни се случува да паднеме малку и ете да си побараме помош на, барем за мене, помалку типични начини. Си реков, нема што да изгубам (освен драгоцено време посветено на Suits) и решив да ризикувам. Конечно дојдов до поентата дека не погрешив и дека книгата стварно вреди.rnrn2-kniga-patot-kon-velichestvenosta-robin-sharma-kafepauza.mkrnrnИма нешто во овој Робин Шарма. Дали фактот дека воопшто не ја тупи со празни филозофии туку баш конкретно и концизно објаснува што има да каже, или поради тоа што често се критикува сам себе и не се поставува на пиедестал, не сум сигурна но не е ни толку важно затоа што ве дига буквално со првата страница. Не знам за претходните книги, ќе дознаам набрзо ветувам, но „Патот кон величественоста“ има мнооогу добри приказни од бизнис светот и од животите на интересни јавни личности. И кога него самиот не би го бивало за делење добри совети, човекот има неверојатна збирка од биографии и автобиографии од фаци кои вреди да се следат и доста нивни мудри мисли има инкорпорирано во самата книга. Робин Шарма е гласче што се всадува еднаш и тешко се откачува после. Дури цели два дена ми беше тешко да одложувам неодложни обврски поради него. 🙂 Еве неколку реченици кои имаа таков ефект врз мене:rn
rn

„Не постои неважен ден.“rnrn„Просечните луѓе не трошат многу време на дополнително ангажирање. Но кој воопшто рекол дека вие сте просечни?“rnrn„Никој од исклучителните луѓе што сум ги обучувал не стигнал таму каде што е без да работи повеќе од другите.“rnrn„Бидете неверојатно енергични и лудо живи.“

rnНа оние кои се навлечени на неговата магија веројатно нема потреба да им објаснувам зошто книгава им треба. Ова е повеќе за тие меѓу вас кои ги скокаат полиците на кои нема трилери, научна фантастика, Џон Грин и срцепарателни приказни. Ризикувајте со книгава, а потоа ризикувајте уште повеќе во 2015 година. Се надевам дека ќе биде навистина величествена. Среќни празници!rnrn

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 7 јануари 2015. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn