rn
6. Секоја година, соседите организираат гозба на нивната улица
rnЕднаш годишно, во ова мало шпанско село по име Бинисалем, сообраќајот е целосно блокиран поради тоа што сите жители вечераат на улиците со нивните соседи како да се едно големо семејство од 12.000 луѓе.rn
7. Американски пожарникари гаснеле пожар во Мексико
rnПожарникари од Аризона дошле во Мексико за да им помогнат на нивните колеги да го изгаснат пожарот.rn
8. Жена завиткала мокро куче во ќебенце
rnСлучаен минувач ја направил фотографијава во Кримеа кога забележал дека една жена покрива улично куче со ќебе. Подоцна, жената му дозволила на кучето да влезе во продавницата за да се стопли.rn
9. Овие господа изработуваат околу 1.000 играчки годишно
10. Секоја вечер, вработените во кафуле ги оставаат остатоците од храна покрај прозорецот за бездомниците
11. Пожарникари кои гаснеле пожар повеќе од 24 часа
rnПожарникарите на фотографијата се одмораат откако се обидувале да изгаснат големи пожари во централна Португалија. Фотографијата ја прикажува нивната прва 20-минутна пауза во последните 24 часа. По паузата, тие продолжиле со напорна работа. Тие се вистински херои на денешницата. Тие си го ризикуваат животот за да ги спасат другите!rn
12. Возач на минибус ги вози сите деца бесплатно
rnЕден возач од Краснодар не прифаќа пари од деца. Момчето на фотографијата се обидел да го плати билетот неколку пати, но возачот објаснил дека сите ученици се возат бесплатно. Возачот е грижлив татко на 6 деца, но неговата добрина се однесува на сите деца во светот.rn
13. Човек храни бездомници на свој трошок
rnБрајан подготвува храна за 50 бездомници и самиот ја дели на улиците во Даблин. Човекот ја купува храната со парите од неговата пензија.rn
14. Хокејар ја дал плочката на едно момче за да го поддржи
rnХокејски тим од Колорадо губел на натпреварот и играчот Келвин Пикард ја дал плочката на еден мал обожавател за да не се разочарува.
Погледнете ги и овие фотографии што ќе ви ја вратат вербата во човештвото.

