rn
7. Мувите живеат само 24 часа
rnВозрасните муви не живеат 24 часа, туку 2 до 4 недели. Исто така тие можат да ја поминат целата зима во хибернација.rn
8. Јазикот има 4 делови за вкус
rnВсушност, целиот јазик може да чувствува вкус и митот дека постојат 4 делови е резултат на лошо преведен текст на германски научник.rn
9. Златната рипка има меморија од само 3 секунди
rnЗлатната рипка може да помни подолго од 3 секунди. Научниците од Израел спровеле и истражување за да го покажат ова. Тие се обиделе да научат златна рипка да добива храна откако ќе направат одреден звук. Рибата го помнела звукот и 5 месеци подоцна.rn
10. Луѓето имаат 5 сетила
rnЛуѓето имаат над 5 сетила. Некои научници сметаат дека бројот е 21, вклучувајќи ги сетилата за рамнотежа, болка, температура и перципирање на говорот на телото.rn
11. Треба да користиме гел за туширање секој ден
rnКога секојдневно се туширате со шампон, ги отстранувате природните масла од кожата. Поради ова кожата може да стане сува и подложна на разни болести. Во ред е секојдневно да користите гел за туширање на дланките, пазувите и гениталиите. За целото тело, сосема доволно е да се туширате со шампон 2-3 пати неделно.rn
12. Користењето ајлајнер е безбедно
rnКога жените нанесуваат ајлајнер, обично не помислуваат дека моливчето може да биде заразено со бактерии, габи и други опасни нешта. За да го намалите ризикот од инфекција, менувајте ја шминката на секои 3 месеци и избегнувајте да ја нанесувате во линија на трепките.rn
13. Биковите реагираат на црвената боја
rnВсушност, биковите не гледаат боја, туку движење. Нив ги иритира парчето материјал што се движи пред нив.
Погледнете ги и митовите во кои веруваме благодарение на рекламите.

