Изгледа дека популација од панамски мајмуни влегла во камена доба. Овие белоглави мајмуни се четвртите примати кои го направиле ова по вид мајмуни во Тајланд, Западна Африка и Јужна Америка (кои можеби користат камени алатки најмалку 700 години).rnrn
rnrnТим научници истражувал група белоглави капучин мајмуни во националниот парк Коиба кој е составен од 3 острови. Тимот открил дека некои од мажјаците почнале да користат камења за кршење јаткасти плодови. Водечкиот автор, Брендан Ј. Барет од Институтот Макс Планк, открил дека овие мажјаци што користат алатки можат да бидат најдени само на еден дел од островите.rn
„Се изненадивме што ова однесување е географски локализирано“, изјавил Брендан.
rnОва однесување прв пат било забележано во 2004-та година од Алисија Ибанез. Тим истражувачи го посетил паркот повторно во 2017-та година и поставиле камери на сите 3 острови. Тимот набљудувал додека релативно мал број мажјаци на еден од островите користеле камени алатки за кршење ракови, полжави, па дури и кокоси.rnrnИ покрај тоа што индивидуални мајмуни се движат помеѓу разните групи, употребата на алатки останала локализирана. Во теорија, оваа иновација би требало да се прошири. Тимот истражувачи смета дека ова покажува дека влегувањето во камена доба е случаен настан наместо неизбежен. Веројатно еден особено паметен мајмун почнал да ги користи камењата, па со текот на времето другите мајмуни го копирале.rnrnИстражувачите се надеваат дека понатамошните набљудувања на однесувањето на овие панамски мајмуни ќе открие што навистина се случило.rnrnДали знаете кои се следните можни чекори во еволуцијата на човекот?
