Автор: Весна ЈовановскаrnrnАвтомобилот и пивото, понекогаш и не се толку лоша комбинација. Ако се подготвувате за некое зимско патување, слободно со себе понесете и по некоја лименка светло пивце. Еве и зошто…
Жител на Алјаска, со моќта на пивото успеал да преживее три дена заглавен во снежен нанос. На многу километри далеку од дома, 52-годишниот Клифтон Фил се превртел со својот автомобил и останал заробен во снегот. Со себе имал само вреќа за спиење и неколку лименки пиво.rnrnНа минус 28 степени Целзиусови, бил облечен во чевли за тенис, фармерки и тенка јакна. Од време на време, го палел моторот од неговиот џип за да го активира греењето и да се топли. Но, сфатил дека без храна, нема да може долго да издржи. Тогаш на Клифтон му „светнало“ дека во автомобилот има пиво и дека со него, може привремено да ја намали потребата за храна. Почнал со нож да ги расекува лименките и да ја јаде замрзнатата течност.rnrnСемејството на Клифтон било надвор од градот, па немало кој да го забележи неговото отсуство. Дури на почетокот на работната недела, завршиле неговите маки. Кога неговиот шеф видел дека Клифтон не се појавил на работа, веднаш го вклучил алармот. Во потрага се впуштиле сите, полицијата, пожарникари, волонтери. Конечно бил извлечен, после 60 часа поминати под снежниот нанос.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Лименки пиво му го спасиле животот
