Ах, романтични комедии, совршен приказ на вистинскиот живот и вистинската љубов. Не. Вистината е дека филмовите ни ги „испраа“ главите и ни наметнаа големи очекувања од љубовта кои, за жал, никогаш нема да се исполнат. Со полно право можеме да го мразиме Холивуд и да фрламе со бонбоните по телевизорот (ако некој е доволно луд или тажен за да го прави тоа) поради овие 13 ситуации.rn
1. Кога се појавува во последен миг за да ви каже дека ве сака…
rn
rnrnВо вистинскиот живот, останувате сами, плачејќи во тоалетот додека сите други се бакнуваат.rn
2. Кога најдобриот пријател на вашиот сопруг се појавува и ви признава дека е заљубен во вас…
rn
rnrnНикогаш немаше да истрчате и да го бакнете. Не, нема шанси! Ќе му кажевте дека сте поласкани, но дека тоа е несоодветно однесување и ќе му ја затворевте вратата (или барем така би го навеле вашиот сопруг да мисли).rn
3. Изгледате секси додека се бакнувате на дождот…
rn
rnrnСекако дека луѓето и во вистинскиот живот се бакнуваат на дожд, но маскарата си тече, косата изгледа ужасно, а и тој не е нешто подобар.rn
4. Кога ги тргате очилата и наеднаш сите се вртат по вас…
rn
rnrnОдлична порака Холивуд! Немаме друг коментар на ова.rn
5. Кога се заљубувате во личноста што ја мразите…
rn
rnrnСте имале причина зошто ја мразите оваа личност и сега наеднаш не ја мразите? Постои причина зошто не сте се сложувале и зошто сте се мразеле. Двајца луѓе кои се згодни можат да се мразат и да не се заљубат. Во ред е.rn
6. Комуницирате со маж од друго време преку поштенско сандаче преку кое си праќате писма…
rn
rnrnНема што да се објаснува овде.rn
7. Да се преправате дека сте друга личност и кога луѓето околу вас ќе дознаат, тие не се воопшто лути…
rn
rnrnЗнаете како кога нешто ќе згрешите луѓето околу вас стануваат лути? Е па ова е многу, многу полошо.rn
8. Кога сте проститутка, се заљубувате во клиент и живеете среќно до крајот на животот…
rn
rnrnКолкави се шансите ова да се случи? Никакви. Ама баш никакви.rn
9. Кога ја наоѓате вашата сродна душа додека купувате ракавици…
rn
rnrnСекому му се потребни ракавици во зима, а богами и сродна душа…rn
10. Кога ја изразувате љубовта во јавност на најчудниот начин кој постои…
rn
rnrnЈавното искажување љубов е нешто што предизвикува непријатност кај сите.rn
11. Никој не ви замерува што сте лажеле дека сте во врска со член на фамилијата кој е во кома и не може дека е поинаку
rn
rnrnНи малку не е шармантно, нити вистинито.rn
12. Кога поставувате рок и личноста се појавува точно навреме…
rn
rnrnДраги дами и господа, ова го има само во Холивуд!rn
13. Кога останувате бремени и се заљубувате во момчето со кое сте имале „секс за една вечер“…
rn
rnrnНикогаш нема да можете да го пронајдете откако ќе заврши таа магична ноќ, особено не за да му кажете дека сте бремени.