Животни лекции од познатите Италијанци

Сподели

Се чини дека Италијанците имаат сè: култура стара повеќе од 2.000 години, архитектура која датира од времето на Римската Империја и смисла за мода која има големо влијание. Затоа не е чудо што Италијанците нè советуваат како да живееме.

Реклама

rn

Џани Версаче

rnОсновачот на меѓународната модна куќа која го носи неговото име, најде инспирација за својата легендарна екстравагантност во древните, но и во авангардните извори, почнувајќи од римските императори, па сè до Енди Ворхол.

Неговата лекција:Јас не сум заинтересиран за минатото, освен ако тоа не е патот до иднината.“

rn

Донатела Версаче

rnЕден од најугледните членови на модната куќа „Версаче“, таа еднаш се опиша самата себе како нешто повеќе од додаток на генијалноста на нејзиниот брат. По неговото убиство, таа се пронајде како дизајнер и наследничка на неговиот бизнис.

Нејзината лекција:Креативноста се раѓа од конфликт на идеи.“

rn

Миучи Прада

rnТаа имаше визија семејниот бизнис со кожа да го претвори во мултимилионска модна империја. Благословена со остроумност која не ѝ дозволи да ги занемарува деталите, таа ја забележува секоја мала работа, дури и како нејзините вработени се облекуваат на работа.

Нејзината лекција: „Колку повеќе се трудите да изгледате секси, толку помалку ќе имате секс… Да изгледате секси понекогаш е добро, но не е во ред да изгледате секси од утро до вечер.“

rn

Роберто Кавали

rnКреаторot на екстравагантнa облека беше меѓу првите кој ја постави кожата на модната писта и ги произведе првите избледени фармерки. Беше член на жирито при изборот на Мис Универзум во 1977 година, а подоцна се ожени со првата придружничка на Мис Австрија, Ева Дурингер, која ја промовираше неговата облека во 1990-тите.

Неговата лекција:Моите пријатели се најчесто жени затоа што жените се многу поинтелигентни од мажите.“

rn

Марио Белини

rnПрвично школуван како архитект, неговиот прв поголем успех го постигна како дизајнер на мебел. Познат по машините за пишување Olivetti, тој ѝ се врати на архитектурата во текот на 1980-тите години, дизајнирајќи бројни згради и урбани пејзажи во Јапонија.

Неговата лекција: „Секој мој проект го сметам како ново истражување, да се соочам со љубопитноста, максималната ментална отвореност и обновената креативна енергија.“

rn

Доменико Долче од Долче и Габана

rnТој научил да го води малиот семеен бизнис и да управува со фабриката за облека, а студирањето моден дизајн му помогнало да го надгради своето знаење.

Неговата лекција: „Ако почнете да верувате во сопствениот успех и живеете како успешна личност, тогаш ќе убиете сè. Најдобриот успех е всушност следниот успех.“

rn

Стефано Габана од Долче и Габана

rnНаместо со мода, тој на почетокот се занимавал со графички дизајн. Кога во 1980 година се запознал со Доменико Долче во неговото дизајнерско студио во Милано, тие двајца започнале приватен, но и професионален однос кој траеше скоро 20 години.

Неговата лекција: „Морате да верувате во тоа што го правите. Правете го тоа со сета своја љубов и страст и ако сте навистина добри, вашиот сон ќе стане реалност.“

rn

Џорџо Армани

rnПрогласен за најуспешен дизајнер во Италија, неговото име стана синоним за машката облека, откако тој „го облече“ Ричард Гир во филмот „Американски жиголо“ во 1980 година.

Неговата лекција:Разликата помеѓу стилот и модата е во квалитетот.“

rn

Рензо Пијано

rnАрхитектот кој ги конструраше облакодерот Шард во Лондон, највисокиот облакодер во Европа, и зградата на Њујорк Тајмс во Менхетен, беше прогласен од магазинот Тајм како еден од највлијателните луѓе во светот.

Неговата лекција:Центарот на една композиција не е зградата, туку празниот простор.“

rn

Руди Ричоти

rnТој ќе остане запаметен по неговиот додаток во Лувр, делото изработено од стакло и бетон поставено во дворот на музејот. Заедно со Марио Белини, тој го дизајнираше Одделот за исламска уметност во Лувр.

Неговата лекција: „Разликата помеѓу утопија и акција е оваа реалност на имплементација.“

Најново

Може ќе ве интересира