Повеќето луѓе се согласни дека низ годините поминати студирајќи, ги искусиле најубавите моменти од младоста кои се доживуваат само еднаш. Проблем се само парите, кои голем број студенти ги добиваат како месечен џепарлак од родителите, а кој никогаш не им е доволен за сé. Но, доколку научите како да си го испланирате животот и вашите секојдневни трошоци, можете да имате сé и плус да завршите факултет во рок.rnrn
Купете користени книги
rnrnНа повеќето студенти голем финансиски товар во текот на секоја студентска година им претставува купувањето книги и прирачници. Зависно од цената на секоја книга, на годишно ниво може да се случи да потрошат 100 или повеќе евра. За да не се случи тоа, обидете се да запознаете некој од постарите генерации кој ќе ви ги продаде неговите учебници за дупло пониска цена.rnrn
rn
Научете да готвите
rnЈадењето надвор, без разлика што ќе изберете од менито, е секогаш за 2-3 пати поскапа варијанта од домашно приготвената храна. Ако живеете во студентски дом, користете ја заедничката кујна или јадете во бифе. Ако нема кујна, а храната во бифето не ви се допаѓа, станете креативни и почнете да готвите на решо или во микробранова печка, кои ви е поисплатливо да си ги купите, отколку да се расфрлате. На тој начин, 2-3 пати во месецот ќе можете да си дозволите да се нагостите во ресторан со вашите колеги.rnrn
rn
Возете се со автобус
rnrnБензинот е скап, а возењето со такси уште повеќе. Давањето толку многу пари за превоз, е навистина голем финансиски трошок за студент кој нема пари, а студира далеку од својот дом. Затоа, и покрај тоа што најудобно ви е возењето во автомобил, стиснете заби во текот на студиските години и користете го автобусот како основно превозно средство. Возењето во нив не е бесплатно, но е најевтина варијанта.rnrn
rn
Возете велосипед
rnrnДруг начин да заштедите на превоз е да возите велосипед. Не само што нема да потрошите ниту еден денар, туку истовремено и ќе ја одржувате вашата линија. Ако немате велосипед, можете да си купите нов за 3000-4000 денари и да заштедите многу пари.rnrn
rn
Пазарете во евтини дуќани
rnrnЕдна од најбитните работи ако сакате да бидете штедливи додека студирате, е да гледате во цените пред да купите некој производ. Избегнувајте да купувате козметика и други потребни препарати од скапи брендови, кога не ви е многу битно. Разгледајте ги цените во околните продавници и секогаш пазарете во онаа, каде цените се најниски. На тој начин ќе заштедите многу пари.rnrn
rn
Немојте пречесто да пиете алкохол
rnrnСтудентите обожуваат да се журкаат и да се пијанат. Но, пиењето е доста скапо и може да ви го потроши вашиот месечен буџет, ако претерате. Доколку сте едни од тие студенти кои си го празнат паричникот на забави, забавете малку и размислете колку е тоа штетно по вашето здравје од една страна и екстремно скапо од друга. Одењето на забави и во дискотеки два пати неделно е сосема доволно за да ги „наполните батериите“ пред испитна сесија. Од друга страна, ако сте повеќе надвор отколку внатре, значи дека малку време поминувате над книга. Имајте на ум дека забавата е послатка ако немате паднати испити да ви ги преоптоваруваат мислите.rnrn
rn
Искористете ги бесплатните манифестации
rnrnСите сакаат да одат на концерти, во кино или на други настани за забава, но ретко кој може да оди секаде кај што сака. Не го пропуштајте настапот на вашиот омилен бенд или пејач, бидејќи ќе ви биде криво отпосле, но не купувајте карта за сé што е актуелно во месецот. Наместо тоа, присуствувајте на бесплатни манифестации на отворено и разни други хуманитарни концерти. Ќе ги сретнете сите ваши пријатели и истовремено ќе заштедите многу пари.rnrn
rn
Пригответе си кафе со пикантен вкус
rnrnСтудентите обожуваат да пијат кафе со своите колеги во некој кафе-бар, на паузи меѓу предавањата. Тоа ги држи будни кога остануваат да учат доцна навечер. Но, ако пиете по неколку кафиња секој ден, ќе потрошите многу пари. Ако во кафе-барот не е скапо, посетете го 2 пати неделно, но во останатите денови од неделата, понесете си кафе од дома во термос или купете си од кафемат. Ние ви нудиме голем избор на вкусни кафе-рецепти.rnrn
rn
Најдете некоја хонорарна работа
rnrnСекојдневното броење на парите во џебот, може да биде многу истоштувачко, па затоа ако успеете да најдете некоја работа со половично работно време е одличен начин да го намалите стресот. Сé додека работата не му наштетува на вашиот успех на факултет, таа може да ви помогне да живеете порелаксирано и да си дозволите повеќе луксузи.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
